Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

Насловна

Пензионерите од Кисела Вода задоволни од општинскиот проект за нивна грижа

Започнаа со работа негувателите на стари лица кои се јавија на распишаниот оглас од Општина Кисела Вода.

Секојдневно, тие им помагаат во извршување на обврските и активностите, но и се дружат со нив и им овозможуваат староста да не им биде пречка за нормално функционирање.

Дијана Мести е негувателка на дедо Ѓорѓи. На огласот кој го распиша Општина Кисела Вода, се јавила веднаш, бидејќи веќе има вакво искуство, стекнато во Калифорнија, пред неколку години. По добивањето на лиценцата, веднаш започна со работниот ангажман.

Го опиша дедо Ѓорѓи како ведар и разговорлив и спомна дека веднаш почнале да се согласуваат. Во петокот, заеднички отидоа во Здравствениот дом, за тој да ја прими третата доза од вакцината.

Му помагаше да стигне до таму, а со разговор го храбреше и за време на другите здравствени прегледи.

 

Тој, пак, видно расположен, објасни дека во друштво, се е полесно и дека го чека потоплото време за да може заедно со Дијана да се шетаат во паркот Шопен, кој е во непосредна близина, но е недостижна дестинација кога човек е во години и нема придружба.  

И Дијана, и останатите времено ангажирани негуватели на стари лица во рамки на проектот “Се грижиме за возрасните”, кој го спроведува Кисела Вода во финансиско партнерство со УНДП, беа невработени лица кои сега добиваат паричен надоместок. Најпрво им беше овозможена обука и можност да се стекнат со лиценца, а до мај, ќе имаат можност и да се стекнат со работно искуство. Во моментов, во Општина Кисела Вода тече нов оглас, за ангажирање на негуватели во детските градинки, повторно во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

   

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa