Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

Насловна

Темелна реконструкција и парно греење за салата во ООУ “Невена Георгиева Дуња” во Кисела Вода

Општина Кисела Вода започна со темелна реконструкција на училишната спортска сала во ООУ “Невена Георгиева Дуња”.

Се прави целосна термоенергетска обнова на ѕидовите, се поставува двојна изолација со гипс панели, додека на подот кој има површина од 430 квадратни метри ќе биде поставен нов паркет.

Се менува електричната инсталација и осветлувањето, се санира и системот за вентилација. Во моментов се врши демонтажа на спортските реквизити. По нивната санација, тие ќе бидат повторно поставени во обновената сала, каде реконструирана ќе биде и влезната врата.

На барање на Општина Кисела Вода, БЕГ постави нов приклучок со потстаница, со што салата доби и парно греење.

- Она што го затекнавме како состојба во спортската сала во ООУ Невена Георгиева Дуња бараше итна и неодложна интервенција и со големо задоволство сакам да истакнам дека за помалку од два месеци, учениците ќе добијат квалитетни услови за одржување на часовите по физичко воспитување. Инвестирањето во подобрувањето на инфраструктурата низ основните училишта кои се во надлежност на Општина Кисела Вода ќе продолжи со несмалена динамика, бидејќи квалитетниот образовен процес подразбира и добри и современи училишни објекти. Ова е концепт што го отпочнав од првиот ден од моето доаѓање на градоначалничката позиција и кој ќе биде развиван и надградуван во текот на целиот мој мандат, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски кој изврши увид во градежните активности во овој објект.

Минатата седмица, нов подобрен лик и поголема функционалност доби и салата во ООУ “Партенија Зографски”.

 

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

   

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa