Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

Насловна

И третиот стручно-научен столб ја прифати соработката со Кисела Вода за Меѓународниот конкурс за Расадник

-Ја поддржуваме секоја намера, идеја или одлука за преземање на активности за разрешување на одредени просторни проблеми по пат на стручен натпревар на идеи, концепти, ставови или решенија и затоа, ја прифаќаме вашата понуда за соработка, истакнаа претставниците на Асоцијацијата на архитекти на Македонија кои одржаа работен состанок со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во врска со изработката на Меѓународен Конкурс за идејно урбанистичко - архитектонско решение за ДУП Расадник.

 

Професор д-р Мишко Ралев, како Претседател на ААМ и Марта Илиевска, како член на Управниот одбор, заедно со градоначалникот го разгледаа предложениот нацрт кој Општина Кисела Вода го направи јавно достапен за целокупната јавност и продискутираа околу идеите кои можат да бидат инкорпорирани во финалниот текст.           

            

Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ е најстарото архитектонско здружение во Македонија од оваа дејност, кое како најширок форум за стручна дебата во областите архитектура и урбанизам делува во насока на рационално користење на просторот според современите критериуми, норми, стандарди водени од принципите на одржлив развој и заштита на животната средина, чии резултати ќе придонесат за благосостојба на човекот и општеството.

Воедно, оваа Асоцијација е и третиот стручно-научен столб кој покрај Архитектонскиот факултет во Скопје и Комората на овластени архитекти и инженери ја прифати понудата на Општина Кисела Вода за соработка при оформување на стручно издржан текст за Меѓународниот Конкурс за идејно урбанистичко - архитектонско решение за ДУП Расадник. При изработката, ќе учествуваат и членови од Партиципативно тело, за кое пријавувањето заврши со поднесени околу 25 апликации од граѓаните. Оформувањето на Партиципативното тело ќе биде доставено како предлог до Советот на Општина Кисела Вода, на седницата кој ќе се одржи до крај на месецов. Со тоа, ќе бидат исполнети сите услови за објавување на Меѓународниот конкурс кој треба да даде решен­­­­ие за финалниот лик на Расадник.

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

   

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa