Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

Насловна

Општина Кисела Вода гради паркинг на местото од дивата депонија кај “Мечкаров”

Општина Кисела Вода денес започна со изградба на паркинг простор за преку 60 возила во населбата Расадник.

 

На место на кое до денес постоеше дива депонија, во близина на бензиската пумпа кај “Мечкаров”, жителите на оваа урбана заедница ќе добијат простор на површина од околу 400 квадратни метри, на кој ќе можат да ги паркираат своите возила.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски заедно со директорот на ЈП”Градски Паркинг”, Бојан Христовски присуствуваше на почетокот на градежните активности кои треба да финишираат за околу 2 седмици.

-Како градоначалник, но и како жител на општина Кисела Вода, свесен сум за недостигот од простор за паркирање и за потребата од изнаоѓање на нови локации каде нашите жители ќе можат да ги оставаат своите возила, без да пречат едни на други. Покрај тоа што сериозно се зафативме сo претворање на дивите депонии во зелени паркови, еден дел од нив, ќе ги уредиме и како паркинзи. Ова беше и главната тема на која денес разговаравме со директорот на ЈП “Градски Паркинг”, Христовски -истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

Директорот Христовски посочи дека на работниот состанок со градоначалникот ги разгледувале сите можности околу изнаоѓање на нови локации за изградба на паркиралишта во општина Кисела Вода, како урбана заедница која постојано се модернизира и расте.

-Денес со градоначалникот Ѓорѓиевски имавме успешна средба на која се отворија многу теми околу подобрувањето на услугите што ги дава нашето градско претпријатие. Организацијата на сообраќајот во мирување има голема улога во квалитетот на одвивањето на сообраќајот во градот, посебно во урбани средини како што е Кисела Вода. Со денешниот прв заеднички проект, се надевам дека почнуваме со изнаоѓање на квалитетни и трајни решенија за жителите на оваа општина-изјави директорот на ЈП “Градски Паркинг”, Христовски.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

   

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa