Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

Насловна

Општина Кисела Вода го одбележа Денот на мајчиниот јазик

Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој се празнува денес, беше одбележан и во општина Кисела Вода.Со пригодна манифестација, под мотото "Мајчиниот јазик - наша духовна ризница", учениците од ООУ "Невена Георгиева-Дуња" ги испратија своите пораки за јазикот, како идентитет, како суштина и сведоштво за постоењето на еден народ.

 Во чест на мајчиниот јазик, се рецитираа стихови од еминентни македонски поети, а беа доделени и награди и дипломи за најуспешните на претходно распишаниот литературен и ликовен конкурс.

И бидејќи потписот на македонскиот јазик е овековечен низ азбуката, но и низ чекорите на македонското оро, како дел од нашата традиција и култура, учениците од “Невена Георгиева Дуња”, одбележувањето на Денот на мајчиниот јазик го заокружија со изведба на традиционалното ”Бовчанско оро”, во препознатливи македонски носии.

Меѓународниот ден на мајчинот јазик се одбележа и во ООУ “Кузман Јосифовски Питу”.

Учениците од шесто до деветто одделение, на часот по македонски јазик твореа на тема: “Македонија, македонски засекогаш!”. Покрај лирските творби, тие изработуваа и постери на истата тема, кои потоа беа изложени на училишните паноа.

Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, УНЕСКО го прогласи на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година. Во 2000 година овој ден е промовиран и како Ден на лингвистичката и културната разновидност и повеќејазичност.

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

   

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa