Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

Насловна

Домашна инвестиција на “Еликсир Дистрибуција” во општина Кисела Вода

Инвестиција вредна преку 400.000 евра започна со реализација во индустриската зона во општина Кисела Вода. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид во градежните активности кои започнаа во ноември, преку кои компанијата “Еликсир Дистрибуција” отвора капацитет на околу 1500 квадратни метри.

 

Се работи за добро позната компанија со триесетгодишно искуство, која во моментов има 50-тина вработени. Новите простории во кои ќе биде сместена административна зграда и магацини, ќе овозможат дополнителни 30 вработувања. И покрај тоа што го поседувале имотот во Пинтија, сопствениците, досега изнајмувале простор на други локации и не се одлучиле да инвестираат во сопствен објект.

Велат дека и самите се изненадени од брзината со која ја обезбедиле целокупната потребна документација за градење и дека очекуваат изградбата да ја завршат во октомври, што ќе се совпадне со нивниот триесетгодишен јубилеј.

- Со големо задоволство денес можам да констатирам дека добро напредува изградбата на оваа домашна инвестиција во општина Кисела Вода која ќе донесе нови вработувања и претставува чекор во напред во локалниот економски равој на овој дел од Скопје. Ваквите инвестиции, за кои сакам да најавам дека ќе ги има во периодот што доаѓа пред нас, значат целосна промена на имиџот на Општина Кисела Вода. Од моја страна, како градоначалник, и говорејќи во име на локалната самоуправа, ги охрабрувам сите компании, домашни и странски, да немаат страв да инвестираат и дека секој оној кој сака да гради и притоа да ги почитува законски предвидените процедури, ќе има целосна поддршка. Воедно, предвидените инвестиции на Општина Кисела Вода во подобрување на инфраструктурата, ќе им овозможат на компаниите подобри услови за работа. На овој начин, заеднички, ќе дадеме значаен влог во унапредувањето на општината, во подобрување на деловната клима, во нејзиниот економски раст и намалување на невработеноста, како една од најголемите болки на нашата држава-изјави градоначалниот Ѓорѓиевски.

Инаку, објектот што го гради компанијата “Еликсир Дистрибуција”, ќе биде целосно енергетски ефикасен. На покривот се планира да бидат поставени фотоволтаични ќелии, фасадата ќе биде термоизолациона, а за греење и ладење ќе се користат еколошки воздушни пумпи.

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

   

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa