Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

Насловна

СДСМ со лаги сака да покрие дека Филип Темелковски потрошил 3. 800 000, 00 евра за партиско-роднински вработувања

Лаги се денешните обинувања за фамилијарни врски со лица од мојот кабинет. Тоа што некој по игра на случајност има исто презиме со мене, кое е често, не значи дека ми е роднина. Затоа ќе поднесеме тужби за клевета.

Вака го започна своето обраќање градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, во врска со обвинувањата изнесени на денешните прес конференции на СДСМ. Наспроти ова, тој денес, од говорница, ги изнесе документите со кои јавно ги објави лицата кои во времето на градоначалникот Филип Темелковски, воопшто не биле видени на работа, а Општината им исплаќала баснословни суми. Некои од нив и во висина од 90 000 денари. Од говорница, Ѓорѓиевски ги читаше имињата на вработените роднини на градоначалникот, роднини на директорот на затворот Скопје, кумовите на неговите браќа и пријатели, звучни лица познати во јавноста по конекциите со СДСМ, кои биле ангажирани од страна на Темелковски и кои, најави Ѓорѓиевски ќе треба да ги враќаат парите. За овие четири години за вакви 120 партиско-роднински вработувања Темелковски исплатил околу 3. 800 000, 00 евра.

Тоа е повеќе од половина буџет на Општина Кисела Вода или, толку чини изведбата на една фекална канализација. Тоа им го одзел на нашите жители, градоначалникот од партијата чии советници денес имаат образ да излезат на прес конференција и да ја лажат јавноста, истакна Ѓорѓиевски. Ги праша и дали како советници не се срамат што, лице кое ја застаувало нивната политичка опција, покрај наведените времени вработувања, вработило и 64 лица во редовен работен однос, додека тие лицемерно говорат за пренатрупаната администрација. Сите претходни градоначалници заедно, немаат вработено толку лица колку што тоа упеал да го стори Филип Темелковски самостојно, додаде Ѓорѓиевски. Наспроти тоа, јас, сум вработил вкупно еден човек. Тоа е секретарот на Општината и тој е презеден од друг институција.

Во своето обраќање градоначалникот Ѓорѓиевски се осврна и на изнесените обвинувања за лицата кои се дел од неговиот кабинет и дел од тимот кој е задолжен да му помогне за спроведување на програмата. Ги претстави нивните професионални достигнувања и кажа дека е горд на секој од нив, бидејќи за 120 дена сработиле колку што Петре Шилегов и Филип Темелковски не сработеле за 4 години. Воедно, потсети на проектот Стоп за урбаната мафија и ревизијата, чии резултати наскоро ќе ги обелоденат криминалите на претходната власт. Оттука, потенцираше тој, го сфаќам вашиот страв и обидот преку лаги да ги дискредитирате лицата со чија помош ги спроведуваме промените и го менуваме ликот на Кисела Вода.

Додаде дека во многу скоро време ќе биде обелоденета уште една голема афера и дека за тоа ќе се бара одговорност. Ваквите прес конференции со кои СДСМ се обидува да ги излаже граѓаните и да го сокрие сопствениот криминал, нема да не поколебаат да го обелодениме ниту да ја направиме Кисела Вода непрепознатлива, но во поинаква позитивна смисла- нагласи градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

 

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

   

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa