Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

Насловна

Ѓорѓиевски: Отвораме нов Противпожарен дом во дел од објектот АД “Цементарница Усје”

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и генералниот директор на АД “Цементарница Усје”, Борис Хрисафов, денес го формализираа договорот за искористување на простор од објектот на оваа компанија за отворање на нов противпожарен дом во Кисела Вода.

-Денес сме во АД “Цементарница Усје” заедно со генералниот директор на оваа компанија, за да обзнаниме отпочнување на еден голем проект кој ќе донесе голема корист на жителите на општина Кисела Вода, па и пошироко. Имено, заедно со господинот Хрисафов, постигнавме договор за пренамена на простор од овој објект, во кој отвораме нов противпожарен дом. Ова, пред се’, ќе значи можност за побрза реакција при несаканите настани, бидејќи, за жал во минатото често се случуваше и покрај силната желба да се помогне, големата оддалеченост да го стори своето, па објектот целосно да изгори, а неретко да има дури и човечки жртви, додека да пристигне екипата од Противпожарната бригада во Драчево. Нашите силни заложби,  како локална самоуправа, вродија со плод, па успеавме да обезбедиме уште една локација, на која се наоѓаме денес и каде наскоро ќе профункционира нова противпожарна бригада. Истата е во близина и на Сопиште, со што освен жителите на Кисела Вода, бенефит ќе имаат жителите на уште една општина-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски, заблагодарувајќи се од свое лично име и од име на жителите на Општина Кисела Вода на директорот Хрисафов и на “Цементарница Усје” за силната општествена одговорност која на овој начин ја покажуваат.

-Ја цениме вашата поддршка и сме задоволни што реализацијата на проекти кои имаат за цел подобрување на безбедноста и спасување на човечки животи и добра, е наша заедничка заложба-потенцираше Ѓорѓиевски.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

   

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa