Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

Насловна

Одржана конститутивна седница на Партиципативното тело за урбанизам на Општина Кисела Вода

Партиципативното тело од областа на урбанизмот кое го иницираше Општина Кисела Вода вчера попладне ја одржа својата прва, конститутивна седница.

 

На настанот збор зеде градоначалникот Ѓорѓиевски кој им се заблагодари на избраните членови за интересот и учеството во Партиципативното тело и нагласи дека тоа значи директна помош во трансформацијата на Општината во модерна и транспарентна, по мерка на граѓаните.

-Како застапници на мислењето и ставовите на жителите на овој дел од градот, силно верувам дека активно ќе учествувате со иницијативи, насоки и сугестии при изготвувањето на планските решенија на урбанистичките планови, што се надевам, ќе овозможи заеднички да го промениме и подобриме ликот на Кисела Вода. Впрочем, со вашето учество во ова новоформирано Партиципативно тело, и самите сте дел од процесот на трансформација - од она што го затекнавме-во Општина по мерка на граѓаните во која транспарентно се работи исклучиво во интерес на жителите, рече Ѓорѓиевски по што замина бидејќи, како што истакна, и претходно најави дека во работата и одлуките на ова тело тој нема да се меша.

На оваа прва седница беа избрани само вршители на должност на позициите претседател и заменик претседател, бидејќи Деловникот донесен од претходното раководство на Општина Кисела Вода, предвидува лицата кои ќе раководат со Партиципативното тело да бидат од редовите на комисијата за урбанизам.

Сметајќи дека на тој начин ова граѓанско тело сочинето во најголем дел од жители на Кисела Вода, ја губи својата цел-да биде гласот на граѓаните, советникот на градоначалникот за прашања од урбанизмот од Кисела Вода, Славе Трпевски, даде предлог кој беше усвоен, веќе оформеното Партиципативно тeло да достави предлог до Советот на Општина Кисела Вода за промена на Деловникот и донесување на одлука и претседателот и неговиот заменик да бидат од редот на граѓаните.

По изборот на Кирил Димчески за в.д. претседател и Дарко Чекеровски за в.д. заменик претседател, се дискутираше на повеќе теми, меѓу кои и за други промени во Деловникот кои ќе го достават до Советот.

Во позитивна атмосфера, со многу дискусија и конструктивни предлози беше затворена првата седница на ова граѓанско тело за прашања од урбанизмот.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

   

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa