Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

Насловна

Од Кисела Вода започна големата пролетна работна акција на градот Скопје и јавните претпријатија

 Од Кисела Вода, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска,  заедно со директорите на јавните претпријатија на Град Скопје и градоначалникот на Општина Кисела  Вода, Орце Ѓорѓиевски, го најавија денешниот почеток на пролетната работна акција низ сите скопски општини.

-  Започнуваме во општина Кисела Вода, каде што од денеска до крајот на неделата во соработка со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, Град Скопје ќе спроведува активности за темелно чистење на градските булевари и површините под градска надлежност, уредување и санација на дефекти во доменот на јавните градски претпријатија – рече градоначалничката Арсовска на почетокот на пролетната акција-изјави градоначалничката Арсовска.

-Од име на граѓаните на Општина Кисела Вода, бидејќи вакво нешто се нема одамна случено, сакам да се заблагодарам на Градот Скопје, на градоначалничката, на директорите на јавните претпријатија. Ние како Општина, исто така дополнително ќе се вклучиме со нашите актвности, се со цел да ги подобриме условите за живот на нашите сограѓани. Сметам дека преку вакви заднички активности ќе допринесеме за рамномерен развој во целото Скопје. Ова за нас, како граѓани од Општина Кисела Вода е посебно важно затоа што ние, како Општина долго време бевме маргинализирани. Така што, ова што денес се случува е нешто убаво што треба да се поздрави и апелирам да продолжи и во наредниот период-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Во големата пролетна работна акција која денес отпочна во Кисела Вода на терен координирано работат екипи на градските јавни претпријатија: Паркови и зеленило, Комунална хигиена, Водовод и канализација, Улици и патишта и Лајка, придружени од сезонските работници од Кисела Вода. Заедничките екипи до крајот на неделата спроведуваат активности за темелно чистење на булеварите и улиците, рачно и машинско миење на улиците, собирање на кабаст отпад, санирање на оштетувања на коловозите, поставување и обновување на сообраќајната сигнализација, садење нови садници и уредување на зеленилото, санации на пријавени дефекти и проблеми од страна на граѓаните, заловување на бездомни кучиња, каде по нивен хуман третман ќе биде овозможено да бидат вдомени, целосно чистење на атмосферските и фекалните линии,  како и прочистување на дождовните сливници на булеварите и градските улици.

Во рамките на оваа голема акција, ЈП „Комунална Хигиена” постави специјални садови за кабаст отпад на неколку локации, каде што граѓаните ќе можат да го остават, по што тој бесплатно ќе биде подигнат и транспортиран на соодветна локација од страна на ова градско претпријатие.

Локациите на кои од денеска до недела може да се остава кабастиот отпад се следните:

УЗ Населба Драчево

ул. “Бранко Заревски” бр.17, Парк на бранители;

УЗ Кисела Вода

 ул. “Христо Татарчев" (главна улица - наспроти ЈГД 8-ми Март);

УЗ Цветан Димов

 ул. “Георги Димитров” (заден влез на СГУ Васил Антевски-Дрен);

УЗ Црниче

 ул. “Наум Охридски” бб (пред УЗ Црниче).

Пролетната акција во општина Кисела Вода ќе трае од 21-ви март и ќе трае се до 27-ми март, а потоа теренските екипи на Јавните претпријатија ќе продолжат со работа во наредната општина којашто е планирана, каде што ќе работат на точно утврдени локации по примерот на општина Кисела Вода.

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

   

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa