Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

Насловна

Обезбедени донации за децата со посебни потреби од ООУ "Невена Георгиева Дуња"

Дидактички материјал и опрема за децата со посебни потреби беше обезбедена за ООУ “Невена Георгиева Дуња”. Донацијата е наменета за сензорната соба во училиштето и се состои од персонален компјутер со монитор заедно со детска тастатура со зголемени тастери и вертикално глувче, скенер, принтер, ламинатор, сензорна табла, други наменски материјали и асистивна технологија.

 

Креаторот на проектот “Диферент”, во чии рамки се оствари оваа хуманитарна акција, Сашо Стојановски, и самиот е родител на дете со посебни потреби, па на овој начин, преку соработка со Општина Кисела Вода во оваа сфера, смета дека се подигнува свеста во нашето општество и им се подобрува образовниот процес на сите деца со посебни потреби и нивните семејства.

Инаку “Диферент” е интердисциплинарен проект кој опфати повеќе области од  културата, музичката уметност, иновативност, инклузија, работилница за деца со посебни потреби и попречености, како и спроведената хуманитарна акција. Во фаза на подготовка е следниот проект Диферент 2, за која Стојановски веќе договори поддршка од градоначалникот Ѓорѓиевски.

Паралелно со донацијата, во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден за поддршка на лицата со аутизам, во ООУ Невена Георгиева Дуња со поддршка на Sweet Support Foundation се организираше едукативна работилница за улогата на наставниот кадар во процесот на прифаќање на децата со аутизам во образованието, унапредување на методиката на работа и пристап за целосна инклузија во општеството.

Работилницата ја отвори претседателката на Sweet Support Foundation, Сезен Цаноска, а учество зедоа заменик директорката на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, проф. д-р Александра Србиновска Дончевски и Драган Даскаловски, м-р по специјална едукација и рехабилитација од областа на аутизмот и интелектуалната попреченoст.

Општина Кисела Вода преку бројни проекти ја подобрува социјалната вклученост на лицата со посебни потреби во општественото живеење. Во моментов, тече опремувањето на две сензорни соби во ООУ Кузман Шапкарев во населбата Драчево и во Кузман Јосифовски Питу, кое по завршувањето на градежните активности ќе биде првото целосно инклузивно училиште во Скопје.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

   

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa