Насловна
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес на сите припадници на исламската вероисповед им го честиташе големиот муслимански празник – Рамазан Бајрам.
Од мое лично име и од име на сите жители на општина Кисела Вода, сакам да упатам срдечни честитки до сите верници од исламската вероисповед по повод големиот муслимански празник – Рамазан Бајрам.
Вербата, трпението, солидарноста и човекољубието кои се вткаени во битот на овој свет празник, нека бидат водилка и во деновите кои доаѓаат, во времето што е пред нас. Заедничкото празнување, меѓусебната почит и толеранција нека бидат неразделен дел од нашето постоење и делување и темелот врз кои ќе ја градиме идината на Република Македонија.
Ви посакувам убави празнични мигови, добро здравје, семејна среќа и хармонија.
Честит Рамазан Бајрам!
За многу години празникот!-се наведува во честитката на градоначалникот Ѓорѓиевски.