Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

Насловна

Ѓорѓиевски: Проектот спроведен преку Центарот за скопски плански регион овозможи во смарт табли во сите училишта

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и директорот на Центарот за скопски плански регион Љупчо Кец Мицковски денес го посетија училиштето “Круме Кепески”. Тоа е едно од училиштата што доби смарт табли преку проектот “Поддршка на образовниот процес и стимулирање на дигиталните вештини на учениците во основните училишта во Општините Аеродром, Карпош и Кисела Вода“.

 

Со обезбедените 16 кои веќе се користат во наставниот процес, сега веќе сите основни училишта во Кисела Вода се опремени со дигитални табли.

-Осовременувањето на училиштата, преку стимулирање на дигиталните вештини е поставено високо во приоритетите на Општина Кисела Вода. Затоа, сакам да се заблагодарам на Центарот за развој на Скопскиот плански регион и на директорот на оваа институција, Љупчо Кец Мицковски кои го овозможија проектот за обезбедување на дополнителен број на дигитални табли во општинските училишта. Истиот, започна токму во Кисела Вода и значи унапредување на наставниот процес  во сите училишни објекти во општина Кисела Вода. Со оваа донација од 16 смарт табли, сега истите се опремени со 43 дигитални табли и 75 смарт телевизори. Поддршката за вакви проекти кои значат подобрување на условите во училиштата е секогаш добредојдена, но  сакам да нагласам дека непрекинато течат и нашите сопствени инвестиции во речиси сите училишни објекти. По спроведувањето на проектот “Компјутер за секој наставник”, со кој Општина Кисела Вода, преку донации обезбеди компјутер за секоја училница од сите 11 училишни објекти, во финална фаза се реновирањето на училишната спортска сала во ООУ “Невена Георгиева Дуња”, изградбата на две сензорни соби во ООУ “Кузман Шапкарев” и во ООУ “Кузман Јосифовски Питу”. Во овој објект, веќе е завршена и замената на кровната конструкција и фасадата, а сега следува и изградба на лифт за деца со посебни потреби, пристапни рампи, специјални тоалети, дактилни патеки кои овој објект ќе го направат првото целосно инклузивно училиште во Скопје-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Проектот „Поддршка на образовниот процес и стимулирање на дигиталните вештини на учениците во основните училишта во Општините Аеродром, Карпош и Кисела Вода“ се спроведуваше во изминатите два месеци. Носител на проектот е Центар за развој на Скопски плански регион, кој со финасиски поддршка од Владата, преку Министерство за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, овозможи снабдувањето со 54 дигитални табли во вкупно 27 училишта во трите споменати општини.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

   

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa