Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

Насловна

Градоначалникот Ѓорѓиевски го отвори меѓународниот детски фолклорен фестивал "ЦВЕТОВИ" 2022

Градоначалникот Ѓорѓиевски вечерва, пред црквата „Св. Еремија“ во Пинтија, го отвори меѓународниот детски фолклорен фестивал "ЦВЕТОВИ" 2022. Во рамки на истиот, учество ќе земат фолклорни ансамбли од цела територија на Република Македонија, гости од Република Романија и Република Црна Гора.

 

 -Голема е мојата чест и задоволство што од тука, од најстарата скопска општина, општината Кисела Вода, започнува еден ваков меѓународен детски фолклорен фестивал. Истиот, веќе 17 години ја претставува Македонија и македонската традиција и култура пред домашната и светската публика, но истовремено е поле каде дефилира разновидност од сите култури, националности, ора, песни и традиции. Афирмацијата и поддршката на македонскиот фолклор се поставени високо на приоритетите на делување на Општина Кисела Вода. Впрочем, наша обврска и како поединци, а посебно како институција е да го сочуваме нашето духовно богатство кое сведочи за постоењето и опстојувањето на македонскиот народ. Во него е содржана историјата, традицијата, верувањата и обичаите. Сето она што не издвојува од другите, ни дава автентичен печат на нашиот идентитет.

Сакам да се заблагодара на ансамблот ”Никола Јонков Вапцаров” за можноста да го отворам меѓународниот детски фолклорен фестивал  "ЦВЕТОВИ" 2022, преку кој 500 дечиња од повеќе земји ќе дознаат за македонската култура и секако, низ песна и оро, ќе ни проговорат за својата традиција, за својот идентитет-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски при отворањето на манифестацијата која во наредните три дена ќе се одвива на повеќе локации низ неколку скопски општини.

По свеченото отворање, публиката уживаше во богата културно-уметничка програма во изведба на повеќе македонски фолклорни ансамбли, како и на играорци од Црна Гора и Романија.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

   

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa