Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

Насловна

Кисела Вода обезбеди 17 смарт ТВ и 8 смарт табли за основните училишта

Учениците од општинските основни училишта во Кисела Вода на настава ќе се вратат во технолошки поопремени училници. Градоначалникот Ѓорѓиевски го посети ООУ “Рајко Жинзифов” во населбата Драчево, за каде се набавени седумнаесет смарт телевизори.

 

Паралелно, осум училници во ООУ “Партенија Зографски” ќе бидат опремени со нови смарт табли, како продолжување на процесот за унапредување на условите за одвивање на наставата и нејзина модернизација.

Со денешната инвестиција, бројот на дигитални табли низ сите основни училишта во Кисела Вода се искачи на 52, како и 92 смарт телевизори кои се користат во наставниот процес. Претходно Општина Кисела Вода обезбеди и компјутер за секој наставник и целосно го опреми кабинетот по информатика во ООУ “Круме Кепески”.

-Вложувањето во напредни технолошки алатки ќе го олесни процесот на совладување на наставниот материјал на учениците, ќе ја поттикне креативноста и иновативноста, што значи поквалитетно образование и создавање на образуван кадар кој во иднина ќе може добро да се презентира на пазарот на трудот. Оттука инвестициите во основните училишта кои се под надлежност на Општина Кисела Вода ќе продолжат со несмален интензитет во периодот што е пред нас, и во инфраструктурен и во смисол на на вложувања во нагледни средства, за што говори и денешниот настан-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

   

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa