Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail
  • Орце Ѓорѓиевски ја презеде градоначалничката функција во општина Кисела Вода

  • Орце Ѓорѓиевски и новите советници во општина Кисела Вода ги добија уверенијата за своите мандати

 

 

Насловна

Над 3.5 милиони денари инвестирани во ЈДГ “Весели Цветови” во Кисела Вода

Во објектите на детската градинка „Весели Цветови“ во општина Кисела Вода се инвестирани повеќе од 3.5 милиони денари во енергетско-ефикасни прозорци, постелини, совремeна кујнска опрема, дидактички материјали и играчки.

Градоначалникот Ѓорѓиевски при денешната посета на објектот ”Сончоглед”, истакна дека инвестирањето во унапредувањето на условите за децата и поттикнувањето на нивниот когнитивен развој се стратегија која Општина Кисела Вода ја има зацртано и која во континуитет ќе се реализира и во периодот што следува.

-Инвестициите во раниот детски развој кои овозможуваат поттикување на интелектуалните способности, кои го стимулираат логичкото мислење и ја подобруваат моториката се неопходност која е влог во интелектуалниот, општествениот и емоционалниот напредок на децата. Оттука, Општина Кисела Вода, и јас како нејзин градоначалник, продолжува со уште поголем интензитет да работи на унапредување на условите за децата од предучилишна возраст. Денес, објектите на ЈДГ “Весели Цветови” ги опремивме со играчки и дидактички материјали. Обезбедивме и нови постелини и кујнска опрема, а паралелно, правиме и инфраструктурни подобрувања секаде каде што има потреба. Имено, објектот “Сончоглед” во кој денес се наоѓаме, добива и нови енергетско-ефикасни прозорци, а вакви зафати, кои на директен начин влијаат на подобрување на квалитетот на предучилишното воспитание и образование, се планирани и во другите градинки на територија на Општина Кисела Вода. Јавниот систем на воспитување и едукација треба да се гради на високи стандарди, нешто што предучилишните институции кои се под надлежност на општина Кисела Вода секако ќе им го  овозможат на нашите најмлади жители-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

 

Додај коментар


FacebookTwitterLinkedin

 

 

 

 

   

 

 

 

Веб Страна

Дали ви се допаѓа новиот изглед на веб страната на Општината?

1 Останати гласови

 

 

 

 

 

 

 

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa