Новости
Општина Кисела Вода ќе ги субвенционира сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства. Објавен е јавниот повик со критериумите, на кој од денес, во наредните 15 работни денови можат да аплицираат ранливите категории-социјално загрозени семејства, самохрани родители и деца без родители.
Еден од најнаградуваните македонски филмови, кој се прикажуваше на десетици светски филмски фестивали, вечерва пред публиката во Кисела Вода. Од 21 часот, “Исцелител”, на режисерот Ѓорче Ставрески ќе се емитува на “Кино на отворено“, пред Домот на Култура “Билјана Беличанец”.
Како и за сите досегашни проекции, влезот е бесплатен, а половина час порано, за најмладите се прикажуваат анимирани филмови од архивата на Македокс.
Летниот филмски фестивал на отворено во организација на Општина Кисела Вода кој со поддршка од МакеДокс се одржува од вторникот, завршува утре.
Започна првата фаза од санацијата на улица “Саса” во урбаната заедница Пинтија. Се работи на 500 метри должина, на кои се интервенира за првпат откако е направена оваа улица.
Повеќе: Градежни активности во Пинтија, санација на улицата “Саса”
“Avec l'amour” на режисерот Илија Цветковски вечерва е на репертоарот на “Кино на отворено” кое од вторникот се одржува во Кисела Вода.
Повеќе: Филмот “Avec l'amour” вечерва на “Кино на отворено” во Кисела Вода
Огромен интерес предизвика синоќешната прва вечер од манифестацијата “Кино на отворено” која ја реализира Општина Кисела Вода со поддршка од Македокс.
Повеќе: Првиот македонски филм за деца „Стела“ вечерва на “Кино на отворено” во Кисела Вода