Под мотото “Капка крв спасува живот”, денес во големата сала на Општина Кисела Вода се одржа крводарителска акција, во организација на Општина Кисела Вода и Општинската организација на Црвен Крст – Кисела Вода, а во соработка со Републичкиот Завод за Трансфузиологија.
Акцијата помина со забележително присуство, па од вкупно 40 пријавени лица, 34 даруваа крв.
Општина Кисела Вода традиционално организира крводарителски акции, а денешната се организираше по повод празнувањето на патрониот празник на општината “6-ти Мај – Ѓурѓовден”.
Коментари