Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

Во петок стартува овогодинешното културно лето во Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 1
НајлошоНајдобро 

   
Традицијата продолжува. И годинава, Општина Кисела Вода традиционално по осми пат ја организира   културно-забавната манифестација   културно лето “Три Круши 2013”. Ова на денешната прес-конференција го најави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ.

 

 

Во периодот од 21.06 – 03.08.2011 год. секој викенд, жителите на Општина Кисела Вода, но и на градот Скопје, ќе можат да уживаат во добро организираните културни манифестации. Во предвидените 15 манифестации на културното лето ќе продефилираат ансамбли и културно-уметнички друштва, естрадни уметници, театри, камерни хорови, а веќе шеста година по ред ќе се одржи и детскиот фестивал “Три Круши”, на кој ќе се изведат песнички во интерпретација на деца – ученици во основните училишта во општината.

 

Годинава, културното лето ќе се организира под мотото “Бранувано Три круши 2013-то културно лето”. Овогодинешното културно лето ќе понуди богата и шаренолика културна програма, а ќе се одржи на повеќе локации низ општината. Свеченото отворање, традиционално ќе се одржи на амфитеатарот на Верско – Рекреативниот центар “Три круши” во с. Драчево, но културни манифестации ќе се организираат и во парковите “Фредерик Шопен”, “Македонија” и во подрачното основно училиште “Кузман Јосифовски – Питу” во Црниче. Општина Кисела Вода е почестена што годинава како гости и изведувачи на овогодинешното културно лето ќе ги има великаните и светските репрезенти на македонската етно и традиционална музика, групата “Синтезис” и Драган Даутовски, едни од најиграните претстави во Драмскиот театар – “Последните Македонци”, НУ Театар Комедија – “Ах љубов моја – турска приказна” и Театарот за деца и младинци со претставата “Македонска приказна”, како и македонските музички ѕвезди Миле Кузмановски, Војо Стојановски, групата ДНК, Андријана Јаневска и многу други. Најмладите ќе можат да уживаат во стенд-ап комедиите и настапот на “Митан Проект” и Петар Ренџов со “Тумбао-Салса Бенд”.

 

Честа да го отворат овогодинешното културно лето им припадна на црковниот хор “Хармосини” и македонскиот етно-бренд, групата “Синтезис”. Во изминатата година, со вкупна посетеност од околу 35 000 посетители, културната манифестација Културно лето Три Круши, сосема заслужено го доби епитетот на една од најпосетените манифестации од ваков вид во Македонија. Годинава, се очекува оваа бројка и да се надмине. За тоа секако придонесува богатата културна програма, која до крајот на манифестацијата и свеченото затворање, ќе понуди многу забава, хумор и секако спектакуларен крај, со многу изненадувања. Покровители на манифестацијата се градоначалникот на Општина Кисела Вода, г-ѓата Билјана Беличанец - Алексиќ и Советот на Општина Кисела Вода. Ги покануваме редакциите на електронските и печатени медиуми да испратат новинарска екипа и да го проследат отворањето кое ќе се случи на 21.06.2013 (Петок), со почеток во 21:00 часот.

 

Во прилог е Програмата за годинашното културно лето:

 

- 21.06.2013 г. ( петок) – 21.00 часот - Свечено отварање на ,,Бранувано Три круши 2013то културното лето” : Настап на ,,Хармосини “ со Црковна музика, Концерт на групата ,,Синтезис”

 

- 22.06.2013 г. ( сабота) -- 21.00ч. – Три круши - театарска претстава ,, Последните Македонци” -- Драмски театар

 

-  26.06.2013 г. ( среда) -- 21.00 ч. – Парк Шопен – ОЛЕ Квартет

 

- 28.06.2013 г. ( петок) -- 21.00.ч.–Три круши - настап на студенти од Музичка Академија и ученици од Средното музичко училиште --- отсек Фолклор

 

- 30.06.2013 г. (недела) -- 21.00 ч.—Три круши - НУ Театар Комедија - театарска пртестава ,, Ах љубов моја – турска приказна” во режија на Коле Ангеловски

 

-  03.07.2013 г. ( среда) -- 21.00 ч. – Црниче - во дворот на Подрачното училиште ,,Кузман Јосифовски-Питу”- Гораст Цветковски со ,,Стенд ап” – комедија, Концерт на ,,ДНК” 

 

- 05.07.2013 г. ( петок) – 21.00 ч. Парк Македонија – Петар Ренџов со ,,Тумбао – Салса Бенд”

 

- 06.07.3013 г. ( сабота) – 21.00 ч. Три Круши – коцерт ,,Митан Проект’’ и Андријана Јаневска

 

- 12.07.2013 г. ( петок) –21.00 ч. Три круши -- концерт – Група ,,Фортуна”

 

- 13.07.2013 г. ( сабота) – 21.00ч. Парк Шопен – концерт - Драган Даутовски

 

- 19.07. 2013 г. (петок) –21.00 ч. Три круши - концерт - Музичка тамбурашка група ,,Гезме”

 

- 20.07.2013 г. (сабота) – 19.00ч. Три Круши – Детски Фестивал ,,Три круши”, Театар за деца и младинци со претставата ,, Македонска приказна”

 

- 26.07.2013 г. ( петок) – 21.00 ч. Три Круши – концерт- Миле Кузмановски

 

- 27.07.2013 г. (сабота) –21.00ч. Три круши – концерт Силви Бенд

 

- 03.08.2013 г. (сабота) – 21.00 ч. Свечено затворање на ,,Културното лето Три круши,, Настап на Даниел Тошевски; настап на КУД ,,Китка”, КУД ,, Јордан Мијалков”, КУД ,, Никола Јонков Вапцаров” и Војо Стојановски.

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa