Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

Општина Кисела Вода со помош од 6.000 денари за секое новороденче

Рејтинг на корисник:  / 1
НајлошоНајдобро 

На секое семејство со новороденче во периодот од 20.06.2013, заклучно со 31.12.2013 година, со живеалиште на подрачјето на Општина Кисела Вода, ќе му биде доделена еднократна парична помош во износ од 6.000,00 денари. Ова на денешната прес-конференција го најави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, во присуство на министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и дел од членовите на општинскиот совет. 

 

 


-“Општина Кисела Вода продолжува со реализација на проектите за подобрување на условите за живот и развој на децата и остварувањето на нивните социјални и други права. Откако пред околу две недели успешно ја заокруживме учебната година, со доделување на парични награди во висина од 10.000 денари за 168 талентирани ученици од општината, денес промовираме нова бенефиција за жителите на општината, односно за семејствата со новороденчиња – потенцираше градоначалникот Беличанец - Алексиќ.

 

 


Таа информираше дека на предлог на Градоначалникот, а со целосна поддршка од сите советници, на изминатата 4-та пленарна седница, се изврши дополнување на Програмата за активности на Општина Кисела Вода од областа на социјалната заштита во 2013 година, со додавање на дополнителна точка: “Спроведување на Проект за доделување на еднократна парична помош на новородени деца во Општина Кисела Вода”.
За реализација на оваа Програма до крајот на 2013 година, Општина Кисела Вода предвиде дополнителни 2.000.000 денари. 
Процедурата за поднесување на потребната документација е многу едноставна. Еднократна парична помош ќе се доделува врз основа на поднесено барање од страна на семејството, до Општина Кисела Вода, со уредно приложена документација на увид, која ќе го потврди раѓањето на новиот член на семејството и територијалната припадност (живеалиште), на подрачјето на општината Кисела Вода. 
Значи, двата родители треба да се жители на општината и покрај барањето кое можат да го подигнат од Општината, неопходно е да достават на увид и важечки лични карти или други исправи за лична идентификација (една во случај на самохран родител), како и Извод од матична книга на родените за новороденчето.
Истовремено барателите кон пријавата, неопходно е да приложат и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето.
-“Причината за носењето на ваква одлука е многу рационална. Имајќи ги во предвид податоците од Државниот завод за статистика, според кои во последните пет години бројот на живородени новороденчиња во општината Кисела Вода се движи во просек од околу 560, сметавме дека со носењето на ваква Одлука, ќе придонесеме кон позитивен поттик и стимулација за зголемување на бројот на деца во семејствата на територијата на Општина Кисела Вода” – заврши Беличанец - Алексиќ и искажа голема благодарност до Советот на Општина Кисела Вода, кој едногласно ја донесе одлуката.

 

 


Министерот Спасов ја поздрави одлуката и изрази надеж дека нејзината реализација ќе придонесе за зголемување на наталитетот во Република Македонија.
Тој нагласи дека Министерството за труд и социјална политика и во иднина ќе продолжи да ги поддржува ваквите проекти и изрази надеж дека и сите други општини во иднина ќе се приклучат кон носењето вакви одлуки.

 

Коментари  

 
0 #1 Emilija 2013-07-05 20:47
Me interesira vo vrska so paricnata suma za sekoe novorodence,ker ka mi e rodena na 16.06.2013 i veke koga se voveduva takvo nesto ne treba da bide ograniceno so datumi. Opstina Aerodrom nudi paricen iznos bez ogranicuvanje i datumi. Se nadevam ke se soglasite,sega za cetiri dena da ne ja dobieme taa paricna pomos ne e vo red.
Цитат
 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa