Општина Кисела Вода во рамки на есенската акција за чистење на својата територија започна акција за расчистување на урбаните заедници Кисела Вода и Расадник.
Денес, во овие урбани заедници, сезонските работници ангажирани од Општина Кисела Вода излегоа на терен и започнаа работни активности за целосно расчистување на сметот/отпадот на сите јавни површини кои се во надлежност на локалната самоуправа.
Со овие активности опафатено е кастрење на гранките на дрвајата и грмушките. Во исто време, се собира и кабаст отпад.
Со активностите кои локалната самоуправа ги започна минатиот месец, досега целосно расчситување на сметот/отпадот извршено е во повеќе урбани и месни заедници.