Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

Општина Кисела Вода за децата во градинките обезбеди 2500 маски за заштита од аерозагадувањето

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Општина Кисела Вода за дечињата кои ги посетуваат објектите на двете јавни детски градинки кои се под нејзина надлежност обезбеди 2500 маски кои ќе им помогнат за заштита на здравјето од аерозагадувањето.  

За таа цел, претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ денеска во ЈДГ „8 - ми Март“, во објектот  „Расадник“ на децата им подели маски за заштита од загадениот воздух. Шимиќ на дечињата им објасни како и зошто треба да ги носат истите. 

Додека секретарот на Општината, Александар Алексовски заштитни маски им подели на децата во ЈДГ „Весели Цветови“ во објектите „ Мимоза“ и „Синоличка“.

Воедно, локалната самоуправа обезбеди и 500 маски за возрасни лица кои ќе бидат поделени при зголемено загадување на амбиенталниот воздух. Доделувањето на маските е дел од мерките кои Општина Кисела Вода ги презема за заштита на здравјето на своите жители. 

Општина Кисела Вода водејќи грижа за здравјето на најмладите минатата година обезбеди прочистувачи за воздух за сите објекти на двете јавни детски градинки „Весели Цветови“ и „8 - ми Март“.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa