Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Уредување и осветлување на трим патеката во новиот парк во урбаната заедница „11 Октомври – бараки“

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Денеска започна со осветлување на дел од трим патеката и за 15 дена ќе бидат поставени вкупно 25 столбови со еколошки лед светилки. Новиот парк, се простира на површина од 16.000 м2 и претставува еден од најголемите новоуредени паркови во град Скопје. 

За почеток, поставени се светилки кај детското игралиште, а за околу 3 месеци истиот ќе биде целосно осветлен. Во исто време, поставени се столпчиња за заштита на трим патеката од несовесни возачи. 

Локалната самоуправа потсетува дека минатата година, во УЗ „11 Октомври – бараки“ од најзапуштената површина, на која несовесни граѓани создаваа депонија, Градот Скопје направи парк. Во паркот, Општина Кисела Вода направи детско игралиште и парк за миленици, постави урбана опрема, а изработи и патеки од павер елементи. Покрај ова, Агенцијата за млади и спорт во соработка со Општината, во должина од над 2 километри ја прошири/реконструира трим патеката, лоцирана покрај железничките пруги.

Увид во работните активности во паркот и на трим патеката извршија градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ. 

 

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa