Градоначалникот Филип Темелковски денеска одржа вонреден онлајн состанок со директорите на осумте општински основни училишта.
На состанокот се дискутираше за моменталната состојба со вирусот Ковид – 19, и влијанието врз работата на училиштата во услови на пандемија, како и за мерките кои би се презеле доколку дојде до влошување на епидемиолошката состојба. Директорите информираа дека во нивните училишта нема заболени од вирусот, туку дека само во едно училиште има тројца наставници во изолација.
Градоначалникот и стручните служби на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски ќе продолжи да биде во комуникација со директорите на училиштата, и постојано ќе ја следи состојбата.
Воедно апелираме до граѓаните да ги почитуваат мерките за претпазливост и заштита. Да потсетиме без разлика на личните убедувања и размислувања преку почитување на мерките ги почитуваме и сограѓаните и блиските. Апелираме да се придржуваме до одржување на дистанца, избегнување на групирање и директни контакти, носење на заштитна маска и редовно дезинфицирање на површините и рацете. Само заедно и со взаемно почитување ќе ја надминеме оваа криза без поголеми последици.