Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Кадетките на „Јанта волеј - форца“ станаа државни шампионки

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Изминатиот викенд во Битола на финалниот турнир во кадетска конкуренција (родени 2004 и помлади), одбојкарките на „Јанта волеј - форца“ од Кисела Вода во полуфиналниот натпревар ја победија екипата на „Наковски волеј“ од Струмица со 2:0, во сетови 25:22 и 25:21. По ова, на финалниот натпревар, кадетките на „Јанта волеј - форца“ убедливо ја победија и екипата на „Вардар ЕМ“ од Скопје со резултат 3:1, и станаа државни шампионки.

„Ние сме победници во женската одбојка на Македонија, во петте категории освоивме 5 титули. Нашите сениорки, јуниорки, кадетки и пионерки станаа државни шампионки, а сениорките го освоија и Купот. Благодарност до сите помагатели, посебно до Општината Кисела Вода и градоначалникот“ - изјави Горан Јаневиќ – Јанта, тренер на ЖОК „Јанта Волеј“.

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa