Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

Конституиран новиот Совет на Општина Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

На свечена седница, денес се конституираше новиот Совет на Општина Кисела Вода. Верификувани беа мандатите на 23-цата нови советници кои во следните четири години, заедно со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ќе носат решенија во интерес на жителите од овој дел на градот. На функцијата претседател на Советот на Општина Кисела Вода, беше избран Иван Живковски.

Седницата ја отвори претседателот на поранешниот состав на Советот, Дарио Шимиќ кој им честиташе на новоизбраните советници и им посака успешна работа во периодот што следи. Потоа, до изборот на новиот претседател Живковски, со седницата раководеше Арсена Глигорова, која, согласно Деловникот за работа е советник втор по старост.

За претседател на Советот на Општина Кисела Вода, Иван Живковски беше избран со 13 гласа за и 3 воздржани. Откако го презеде раководењето со седницата, тој им се обрати на присутните.

-За мене е голема чест и голема одговорност што во следниот мандат од четири години ќе бидам на чело на Советот на Општина Кисела Вода. Сметам дека сите заедно, како советници може многу да придонесеме за релизација на квалитетни политики коишто ќе го подобрат животот на нашите жители. Секако, ние можеме да изгласаме, но сето тоа треба и да го изреализираме заедно со новиот градоначалник, г-нот Орце Ѓорѓиевски. Заедно, ќе изреализираме голем број на проекти, за кои, впрочем се обврзавме преку Програмата за овие избори. Јас, како Претседател на Советот, ќе се трудам секогаш да бидам непристрасен и нема да ги делам луѓето ниту по партиска, ниту по идеолошка, ниту по етничка основа, бидејќи сите тука сме заедно само за една цел, а тоа е да направиме Кисела Вода да биде поубаво место за живеење за сите- истакна новиот Претседател на Советот Иван Живковски. Заблагодарувајќи се, тој го покани да се обрати и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски најпрво ги поздрави присутните и им ги честиташе верификуваните мандати на советниците, а потоа кажа што очекува од нив и од функционирањето на Советот.

- Јас ќе ве замолам во наредните четири години овде да има што помалку политика, а многу повеќе решенија. Ова е место кај што ќе треба заеднички сите да донесеме одлуки и решенија кои ги очекуваат нашите сограѓани, не само 4 години наназад , туку и 30 години наназад. Јас сум отвоен по природа, транспарентно работам, така ќе работам и во наредните четири години, но  неопходна ми е поддршката од секој еден од вас, за да, за 4 години кога сето ова ќе заврши, нашата етапа во која сме сега навлезени, да оставиме нешто позади нас, односно дела по кои народот ќе не препознава години после тоа. Ви посакувам добро здравје и вам и на вашите семејства и се надевам дека ќе имаме транспарентна, заедничка битка во наредните 4 години од која бенефитот во секоја ситуација ќе го имаат нашите сограѓани. Од наредната седница, ќе се потрудиме овие седници да одат јавно, ќе се потрудиме да обезбедиме јавен пренос на седниците на Советот, со што нашиот народ ќе има директен увид во тоа што ние го работиме, а секако, е во нивен интерес-подвлече градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Инаку во овој состав на Советот мнозинството го има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 12 советници, СДСМ со коалиционите партнери има седум,  Левица доби три советници, додека коалицијата ЛДП/ДОМ има 1 советник.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa