Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи втората пленарна седница на 10 ноември 2021 година (среда) со почеток во 12:00 часот, со следниот дневен ред:
1.Предлог-Решение за избор на претседател и членови на постојаните комисии на Советот на Општина Кисела Вода;
2.Предлог-Заклучок за констатирање на престанок на мандат на член на Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиско работење – Арсена Глигорова на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски сали и спортски објекти “Кисела Вода КВ” Скопје
3.Предлог-Решение за измена на Решението за именување членови на Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиско работење на Јавното претпријатие за стопанисување со спортски сали и спортски објекти ,,Кисела Вода КВ" Скопје;
Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.