Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

Кисела вода се чисти од медицински и комунален отпад

Рејтинг на корисник:  / 1
НајлошоНајдобро 

Акција за чистење на медицински и комунален отпад од утринава се одвива во општина Кисела Вода. Се чисти на три поголеми локации, мапирани како точки на кои е евидентирано натрупување на опасниот отпад, за кој e предвиден посебен третман. Чистењето започна околу Центарот за третман на зависности, се одвива во неколку траси, и ќе се трае во текот на целиот ден.

 

Во акцијата за чистење на комуналниот отпад, учествуваат сезонски работници ангажирани од општина Кисела Вода. Тие работат на миење на улиците, собирање на сметот, метење на паднатите лисја,  перење на плочниците и тротоарите, косење на нараснатите тревни површини.

Во делот на собирање на медицинскиот отпад, е ангажирано здружението ХОПС, бидејќи согласно законските одредби, собирање и транспортирање на медицинскиот отпад може да врши само овластено правно или физичко лице. Согласно постигнатиот договор со Општина Кисела Вода, ХОПС ќе продолжи секојдневно, со теренско возило да го чисти медицинскиот отпад од територија на општина Кисела Вода и во наредниот период.

Општина Кисела Вода потсетува дека медицинскиот отпад е опасен и може да предизвика значителна штета на здравјето на луѓето. Апелираме доколку граѓаните забележат вакво незаконско одложување на отпад, случајот да го пријават. Притоа, доколку се работи за медицински отпад, на располагање стои телефонскиот број 075/769-948. (здружение ХОПС)

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa