Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

Ѓорѓиевски: Вратите на Општина Кисела Вода секогаш ќе бидат отворени за лицата со посебни потреби

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Објектот на Општина Кисела Вода стана достапен за лицата со посебни потреби. На денот на одбележувањето на нивниот Меѓународен ден, пред влезот беше поставена пристапна рампа. 

Први ја искористија дечињата со церебрална парализа кои денес беа на посета кај градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

-Сакам јасно да порачам дека Општина Кисела Вода ќе биде пример за инклузивна општина, а лицата со посебни потреби секогаш можат да сметаат на мене, и како човек и како градоначалник. Поставената рампа, освен што им овозможува физички пристап, претставува и симбол на отвореноста на општината и на мене како градоначалник кон овие лица и кон сето она што им треба-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

 

Посетата, освен за дружење со дечињата, беше искористена и за евидентирање на бројните проблеми со кои се соочуваат овие лица. Од страна на градоначалникот добија ветување дека интензивно ќе се работи на нивно надминување.

-Денес поставивме пристапна рампа, договоривме бележење на паркинг места за лица со инавалидност во Драчево, а веќе се разработува идејата за реализирање на јавно-приватно партнерство за отворање на Дневен центар за лица со попреченост, но кој би ги опфатил сите категории. Вакви центри има во Шведска, Бугарија и уште во неколку други земји. И сакам да ви ветам дека од сега, сите при градењето на ситеинфраструктурни проекти во општина Кисела Вода, ќе се внимава тие да бидат достапни за лицата со посебни потреби.

Гости кај градоначалникот Ѓорѓиевски беа и дечињата од Здружението за инклузија на лица со посебни потреби, заштита на самохрани родители, “ЕЦЕ”, како и од Здружението за помош и поддршка на лицата до Даунов синдром, “Трисомија 21”.

 Паралелно, во присуство на претставници од Општина Кисела Вода, во ООУ Невена Георгиева Дуња, по повод 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, заедно со учениците од ДУРДМОВ "Димитар Влахов", се одвиваше работилница за “Да направиме еднаков свет за сите”.

 

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa