Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

Градоначалникот Ѓорѓиевски на средба со фудбалските клубови од Драчево

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

За подобри резултати во спортот, неопходни се вложувања во развојот на спортот и спортската инфраструктутра, беше заклучокот од средбата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски со раководствата на трите фудбалски клубови од Драчево. Тие ги презентираа своите планови, потреби, но и очекувањата кои ги имаат од  ФК “ССК”, ФК “Партизан Фудбал Кидс” и  ФК “Драчево Јуниор” во претстојниот период.

Од страна на првиот човек на Кисела Вода добија уверување дека фудбалските клубови ќе ја имаат поддршката од Oпштината и дека активно ќе се работи во обезбедување на потребните услови.

-Наша обврска како локална самоуправа, но пред се’, желба, е да инвестираме во развој и етаблирање на спортот во општината. При средбата со раководствата на трите фудбалски клубови од Драчево, сакав да ја видам целосната слика, во прво лице да слушнам што им е потребно, да се информирам за нивните барања и цели. Ги уверив дека можат да сметаат на мојата поддршка како градоначалник и дека во периодот што следува Општина Кисела Вода активно ќе работи на унапредување на спортската инфраструктура, на реновирање и одржување на фудбалските терени, на обезбедување финансика поддршка на клубовите со цел да се овозможи нивно непречено, континуирано работење. Спортот е основа за здрав живот и психо-физички развој кај младите лица. Оттука, сметам дека инвестирањето во неговиот развој и омасовување е неопходност и ќе биде мој врвен приоритет -изјави градоначалникот Ѓорѓиевски на средбата.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa