Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

Конкурс за учество на обуки на жени од Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Фондација ЦЕЕД Македонија во соработка со Општина Кисела Вода објавува конкурс за учество на жени од Општина Кисела Вода на обуки за развој на следниве вештини и знаења: развој на бизнис идеја и бизнис план, претприемништво и менаџерски вештини, дигитален маркетинг, онлајн продажба и употреба на дигитални технологии.

 

Обуките се спроведуваат како дел од проект на UN Women, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој - СИДА. Истите имаат за цел подобрување на пристапот до пазарот на труд и зголемување на конкурентноста на жените на пазарот на труд, преку подобрување на нивните вештини за вработување и самовработување. Ќе се спроведуваат во периодот од јануари 2022 до август 2022. Дополнителни информации околу обуките се достапни на веб страницата на Општина Кисела Вода, на

https://www.kiselavoda.gov.mk/content-data/Broshuri/Konkurs_Kisela%20Voda.pdf

Сите заинтересирани кандидатки можат да се пријават за учество на обуките по електронски

пат, на следниот линк https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSe5XnVPFN5d0Ssa4ZVmgt0IjC65b6_NUmqzXVoqQr9yl35hWQ/viewform

или со директно поднесување на апликацијата до општината.

Доколку сакате да поднесете апликација директно во општината, контактирајте со одговорното лице во општина Кисела Вода, Симон Тошанов,  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., 070 683 810.

Рокот за пријавување е 20 декември, 2021 година до 16:00 часот.

Покрај горенаведените критериуми, при изборот на учесничките ќе се следи принципот „прва пријавена - прва услужена“. Особено се охрабруваат да се пријават жени од ранливи категории (самохрани мајки, жени од рурални средини, жртви на семејно насилство, жени со попреченост, итн.)

ВАЖНО: Обуките ќе се реализираат со комбиниран пристап (онлајн и со физичко присуство), а начинот на реализација на обуките ќе зависи од епидемиолошка состојба во периодот на одржување на обуките. Доколку немате услови за онлајн учество, постои можност за следење на обуката на договорена локација (или во просториите на општината или во ЦЕЕД Македонија), каде ќе бидат овозможени потребните технички услови.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa