Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

Општина Кисела Вода даруваше пакетчиња на дечињата од ЈДГ 8 Март

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Иван Живковски, со претставници од општинската администрација, денес беше во градинката “8 Март”, објект “Пржино”, каде на сите дечиња им беа доделени пакетчиња, како донација од Општина Кисела Вода.

Децата се претставија со приредба насловена “Новогодишна приказна”, а пакетчињата им ги делеше Дедо Мраз.

-Присуствувавме на една преубава, весела детска приредба во градинката во Пржино и голема е моето задоволство што Општина Кисела Вода даде свој влог во оваа искрена детска среќа. Денес доделените пакетчиња се дел од донацијата од преку 2000 пакетчиња за сите деца од градинките, за децата со посебни потреби и децата од социјално-ранливите категории. Во пресрет на Нова година, како раководство на општината, се потрудивме да создадеме убаво расположение кај што поголем број на дечиња и сакам да најавам дека останатите пакетчиња ќе ги поделиме во сабота, во паркот Шопен, на Новогодишниот хуманитарен базар кој освен за најмладите, ќе понуди содржини и за нивните родители, баби и дедовци. Се надевам дека сите заедно ќе го креираме новогодишното расположение во општина Кисела Вода-изјави претседателот на Советот, Живковски, кој од дечињата од градинката доби честитка и нивни изработки.

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa