Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

И Комората на овластени архитекти и инженери се вклучи во креирањето на Меѓународниот конкурс за Расадник

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Меѓународниот конкурс за конечниот лик за Расадник и понатаму е во фокус на стручната јавност. Грaдоначалникот Орце Ѓорѓиевски, оствари работна средба со претставници на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија, предводени од Претседателката м-р Кристинка Радевски,  д-р Жаклина Ангеловска, член на Собрание од одделението за урбанизам, како и генералниот секретар на Комората, м-р Димче Атанасовски.

 

На средбата се разгледа моменталната состојба во Расадник од урбанистичко-плански аспект и заеднички се продискутираа генералните програмски насоки кои треба да им бидат смерница на учесниците на Меѓународниот конкурс за изработка на идејното решение за Расадник.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека консултациите со стручната јавност се од големо значење и  продолжуваат поради потребата за максимална транспарентност, со цел создавање на хуман кварт за живеење во главниот град, по мерка на сите засегнати субјекти.

Претставниците на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, како истакнати авторитети во оваа област, ја поздравија идејата за распишување на Меѓународен Конкурс за идејно урбанистичко - архитектонско решение за градската четврт Ј14, попознат кај нашите граѓани како ДУП Расадник. Потенцираа дека на располагање го ставаат својот целокупен стручен потенцијал, со цел овој конкурс да е стручно издржан и да овозможи што поуспешни и покреативни предлози за креирање на ДУП-от за Расадник. Воедно, тие побараа при работата да се почитува предлог-правилник, изработен од Комората за спроведување на конкурси за урбанизам.

Претходно, градоначалникот Ѓорѓиевски дефинираше соработка на оваа тема и со деканот на Архитектонскиот факултет, а нацрт предлогот за Меѓународниот Конкурс за идејно урбанистичко - архитектонско решение за Расадник е достапен на општинската веб страница и за сите заинтересирани граѓани. Забелешките, сугестиите и идеите, со цел истиот да биде што поквалитетно изработен и стручно издржан, можат да се достават на емаил адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

 

 

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости