По вчерашното опожарување на барака на улицата ул.”Методија Патчев” во Драчево, која речиси сосема изоре, денес, сезонските работници ангажирани од Општина Кисела Вода вршат целосно расчистување на опожарената покуќнина и другите остатоци.
Пожарот настана во текот на вчерашниот ден и беше брзо угасен од страна на противпожарната бригада. За среќа, нема повредени лица и штетата, иако огромна, е само материјална.
Од страна на службите кој вчера ги посетија сопствениците на објектот, им беше кажано дека можат да сметаат на поддршката од Општина Кисела Вода и дека ќе добијат еднократна парична помош.