Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

Започна капиталниот проект за реконструкција на сите улици во населбата Пржино

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Општина Кисела Вода започна со реализација на капиталниот проект за реконструкција на сите улици во населбата Пржино.

 

Се работи за договор во износ од преку 13 милиони денари кои се обезбедени од Светска Банка, преку проектот МСИП2 овозможен преку Министерството за финансии. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес присуствуваше на почетокот на градежните работи, кои на жителите на оваа урбана заедница, но и на преку 30 проценти од населението од општина Кисела Вода кои улиците во Пржино ги користи во своето секојдневие, ќе им овозможат подобри и побезбедни услови за одвивање на сообраќајот и подобра естетика на просторот.

-Денеска се наоѓаме во Пржино каде што започнуваме со инвестиции во делот на патната инфраструктура, нешто што на граѓаните овде им недостасуваше повеќе од 30 години наназад. Имено се работи за реконструкција на буквално сите улици во Пржино и на најголем дел на улиците во Црниче, проект кој што општината ќе ја чини односно во истиот ќе инвестираме над 13 милиони денари, истиот ќе опфати улици во должина над 6 километри или над  12 илјади метри квадратни патна инфраструктура која што ќе ги подобри условите за живот овде на нашите сограѓани. Изминатиов период интензивно како општина во изминативе нецели 6 месеци работиме на подобрување на условите на нашите сограѓани од сите буквално сегменти на живеењето, во финална фаза сме со реконструкција на улицата Наум Охридски, темелна реконструкција, во која што имавме исправка на проектот со продолжување на атмосферската канализација, односно замена на истата од Ф 200 во Ф 500, со што исто така еден долгогодишен проблем во однос на атмосферските води се решава и долгорочно го решаваме. Изминатиов период направивме целосна реконструкција на улицата Рилски Конгрес долу во Црниче, 680 метри улица, инвестираме паралелно и во подземната инфраструктура. Така што, изминатиов период, како општина, сето она што 30 години беше мака и ги мачеше нашите сограѓани, го решаваме за помалку од 6 месеци. Со тоа исто засилено темпо ќе продолжиме и во наредниот период, што значи она што ние сме се обврзале пред нашите сограѓани пред 6 месеци во изборната кампања да биде дел од нашата програма и да го ветиме пред истите, еве во пракса покажуваме дека истото и достоинствено како што заслужуваат нашите сограѓани го реализираме, односно ги подобруваме етапно нивните услови за живот-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Во наредните неполни два месеци, интензивно ќе се работи на рехабилитација на коловозот и тротоарите на улиците “Пандо Кљашев”, “Караџица”, “Кара Трифун”, “Малина Поп Иванова”, “Пеју Јаворов”, “Пржино” со краци, “Стрмешево”, “Зеленгора”, “Кочанска” и “Полог”. Паралелно, градежни активности за подобрување на инфраструктурата ќе течат во сите останати месни и урбани заедници, што ќе обезбеди рамномерен регионален развој и поквалитетни услови за живот за сите жители на општина Кисела Вода.

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa