Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

“ПРЕСИНГ”: Меѓународниот конкурс за Расадник е шанса за Кисела Вода од вонредно значење!

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

“По повеќе од пет години борба на дел од стручната јавност, граѓанските здруженија и новите медиуми за просторот на Расадникот во Општина Кисела Вода, конечно борбата вроди со плод. Повикот во повеќе наврати да се организира меѓународен архитектонско-урбанистички конкурс наиде на отворена врата кај новото раководство.”Ова е извадок од текстот кој го третира меѓународниот конкурс за Расадник во афирмираното списание на комората на овластени архитекти и овластени инженери “Пресинг”. 

 

Во него низ призмата на стручната јавност, се говори за полезноста од јавните повици, како демократски чин, во кој ѝ се овозможува на професијата подеднакво да учествува во процесот на обликување и дефинирање на просторите од јавен карактер. Тие значат „културен натпревар“ преку кој во зададен временски период се добиваат повеќе решенија за една иста задача, вели авторот, м-р Филип Конески.

Преку споделување на меѓународните искуства, низ текстот тој укажува и на потребата од организирањето на меѓународни архитектонски и архитектонско-урбанистички повици, што за младите архитекти е дел од процесот на професионално зреење, за поискусните предизвик за професионална надоградба, а за општините студија за одреден објект и простор во кој низ паралелата се согледуваат можностите и потенцијалот. Конкурсот треба да значи висок стандард во она што го бираме за себе, потенцира авторот во “Пресинг”.

 Посебно го поздравува значењето на одлуката на новото раководство на Општина Кисела Вода во целокупниот процес на планирање на меѓународниот конкурс за ДУП-от за идниот лик на Расадник да ја вклучи целокупната стручна јавност од оваа област, Комората на овластени архитекти и овластени инженери, Асоцијацијата на архитекти на Македонија и Архитектонскиот факултет – Скопје при УКИМ.

“Оваа шанса за Кисела Вода и Скопје е од вонредно значење. Со вистински пристап ќе се придонесе кон подигнувањето на општата свест како се обликува јавниот простор, воедно подобрувајќи ги стандардите за живеење на целокупната околина. Она за кое најмногу треба да се надеваме е едукативното влијание врз населението, кое оттука натаму поинаку ќе ги следи постапките во создавањето на урбанистичките планови, не прифаќајќи ја просечноста и потпросечноста на која се навикнавме.”-потенцира Конески.

Инаку, Меѓународниот конкурс за Расадник е во финална фаза на подготовка. Работната група сочинета од претставници од Архитектонскиот факултет, Комората на властени архитекти и инженери, Асоцијацијата на архитекти на Македонија веќе 30 дена интензивно работи на неговото дооформување, по што во текот на следниот месец истиот ќе биде објавен за домашната и за меѓународната јавност.

 

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa