Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

Градоначалниците од Кисела Вода, Скопје и Велес им организираа екскурзија на децата со церебрална парализа

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Тројцата градоначалници, на Општина Кисела Вода, на Град Скопје и на Општина Велес денес им организираа патување и еднодневна прошетка низ Велес на децата со церебрална парализа.

Во соработка со Здружението на родители на деца заболени од церебрална парализа, со поддршка од Железници на Република Македонија Транспорт А.Д. Скопје, дечињата заедно со своите родители, утрово добија бесплатно патување со воз до Велес, каде ќе се одвива денешната нивна екскурзија.

Среќен пат и убав помин им посакаа градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и градоначалничката  на Скопје Данела Арсовска, присутна беше и сопругата на бугарскиот амбасадор Билјана Ангелова, а во Велес ги пречека градоначалникот Марко Колевски, во придружба на велешкото здружение на родители на деца со церебрална парализа.

Во текот на целиот ден тие ќе ги разгледуваат знаменитостите на овој град. Најпрво се упатија кон храмот посветен на Светите Кирил и Методиј, потоа ќе имаат прошетка низ младинскиот парк, по што им е организиран заеднички ручек. Патувањето завршува во попладневните часови, кога дечињата, повторно со воз, ќе се вратат во Скопје.

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa