Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

На патронатот на ЈДГ“Весели Цветови” градоначалникот Ѓорѓиевски најави отворање на нова градинка

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, попладнево беше дел од одбележувањето на 77-годишнината на детската градинка “Весели Цветови”.

Пред бројна публика, во паркот Шопен, со музичко-сценска програма се претставија дечињата од сите возрасни групи. Директорката Станка Баџакова проговори за историјатот на оваа градинка која денес функционира со шест објекти, во кои денот го минуваат околу 1000 дечиња. За поддршката и соработката, на градоначалникот Ѓорѓиески му додели благодарница, а тој најави дека Општина Кисела Вода, летово ќе отвори нова градинка во Усје.

-Подобрување на условите за престој и воспитување на најмладите жители на Кисела Вода во предучилишните установи, не само што се наша обврска, туку и наша голема желба и приоритет при нашето делување. Свесни сме дека ова е општина која брзо расте и дека бројот на новородени дечиња е се’ поголем, што подразбира потреба од отворање на нови градинки. Во таа насока, ќе потсетам дека пред околу еден месец го проширивме капацитетот на објектот “Синоличка”, а летово под управа на “Весели Цветови”, отвораме нова детска градинка во населбата Усје. Таму ќе се згрижат околу 100 деца, пред се’, од тој дел на градот, односно од населбите Усје, Стаклара и Градинар. Воедно, истата ќе овозможи и намалување на бројот на деца во постоечките градинки. Покажувањето на одговорност и грижа остануваат да бидат нашите главни постулати при управувањето со Општина Кисела Вода, а новите успешни страници од постоењето на ЈДГ “Весели Цветови” ќе бидат реалност која ќе им ја овозможиме на нашите најмлади- истакна градоначалникот Ѓорѓиевски во своето обраќање пред присутните.

Покрај случувањата во паркот Шопен, 77-годишнината од постоењето на ЈДГ “Весели Цветови” денес се одбележа со низа настани, од кои дел се одвиваа и во Домот на култура “Билјана Беличанец”. Таму беа промовирани прирачници изработени од вработените во градинките кои имаа за цел да им помогне на дечињата да размислуваат, а родителите да станат активни чинители во поттикнување на севкупниот развој на нивните деца.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa