Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

Јавен повик за времено ангажирање на негуватели во јавните детски градинки и негуватели за стари лица

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Општина Кисела Вода упатува јавен повик до сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во проектот “Се грижиме за најмладите и највозрасните”. Истиот е дел од Програмата Општинско - корисна работа, кој се спроведува преку Врз основа на Договорот за соработка со Агенцијата за вработување и Договорот помеѓу Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и Општина Кисела Вода.

 

Преку него ќе се овозможи времено вработување на петнаесет негуватели во јавните детски градинки и пет негуватели за стари лица. Се работи за ангажман со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд. Евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини и компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува, ќе добијат тримесечна задолжителна обука и шестмесечен работен ангажман.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество. За кандидатите  кои ќе бидат избрани, се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Заинтересираните невработени лица пријавите  за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да ги поднесат во Агенција за вработување - Центар за вработување Скопје  во периодот од 07.06.2022 година до 13.06.2022 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Општина Кисела Вода и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат на општинската веб страница на линкот:

http://www.kiselavoda.gov.mk/content-data/Broshuri/%D0%88%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D0%9F%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BA%20%D0%9E%D0%9A%D0%A0%20%D0%9E%D0%9F%202022.pdf

како и во Општина Кисела Вода, кај лицето Елизабета Јаневска, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Скопје, кај лицето Гоце Петрушевски и во Центарот за социјална работа Кисела Вода кај лицето Славица Здравковска.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa