Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

Санација на сите улици во Пржино, четврт од седумте капитални проекти за роденденот на Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Општина Кисела Вода го завршува проектот за санирање на сите улици во Пржино.

 

 

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес го промовираше овој, четврти од седумте капитални проекти кои се реализираат по повод роденденската недела на Општина Кисела Вода, кој носи бенефит на жителите на оваа урбана заедница, но и на 30 проценти од населението кое ги користи во своето секојдневие.

Се работи за обнова на патна инфраструктура во должина од над 6 километри, односно над 12 илјади квадратни метри. Улици на кои никој не интервенирал децении наназад. Сериозен проект вреден преку 13 милиони денари кој е дел од градежната офанзива што и’ се случува на општина Кисела Вода. Имено, во моментов, после само седум месеци од доаѓањето на новото раководство на Општината, се обновува патна инфраструктура во должина од над 14 километри.

Инаку, вчерашната роденденската прослава на Општина Кисела Вода на која започна и културното лето, помина во одлична атмосфера и со масовна посетеност. Околу 3500 луѓе во паркот Македонија уживаа до полноќ во концертите на Филип Шурбевски ЕЗГИЈА КВАРТЕТ, Ефто Пупиновски и на Влатко Лозановски ЛОЗАНО.

Вториот ден од роденденската прослава на општината е посветена на талентираните ДНК, ТЕА ТРАЈКОВСКА како и ДИЏЕЈ ОГИ.

Со почеток во 20 часот на истата локација, Парк Македонија (до Дом за Култура „Билјана Беличанец“ (старо кино), посетителите ги очекуваат звуците на најдобрите хитови на македонската забавна музика. Програмата за вечерва изгледа вака:

2 ДЕН - КУЛТУРНО ЛЕТО 2022 | 30 јуни 2022 (четврток)

• ПАРК МАКЕДОНИJА •

20:00 часот | Сет на ДиЏеј Оги

21:00 часот | Концерт на Теа Трајковска

22:00-00:00 часот | Концерт на ДНК

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa