Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

Започнува изградбата на нова водоводна мрежа долга 1450 метри на ул. “Илија Ристевски” со краците во с. Драчево

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Започнува изградбата на нова водоводна линија, на улицата “Илија Ристевски” со краците, во месноста Порупи село Драчево. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес го промовираше овој проект, кој е шести од предвидените седум капитални проекти по повод роденденот на Кисела Вода.

 

Важноста на овој проект и неговата класификација како капитален, се огледува во фактот што постојната мрежа од која досега се снабдуваа жителите е стара повеќе од 60 години, односно е градена во време кога населеноста, а со тоа и потребите биле значително помали.

Дополнително, големи проблеми се појавуваат поради притисокот што се јавува врз оваа водоводна мрежа бидејќи истата минува низ дворовите и куќите на жителите на оваа улица и краците што гравитираат кон неа.

До средината на август ќе заврши изведбата на новата водоводна линија долга 1450 метри со што населението ќе добие квалитетни и современи услови, какви што доликуваат на живеењето во 21 век.

Општина Кисела Вода апелира до граѓаните кои живеат во овој дел на селото Драчево за трпение и разбирање додека траат градежните работи.

 

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa