Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

​Кисела Вода ќе ги субвенционира сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства

Рејтинг на корисник:  / 0
НајлошоНајдобро 

Општина Кисела Вода ќе ги субвенционира сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства. Објавен е јавниот повик со критериумите, на кој од денес, во наредните 15 работни денови можат да аплицираат ранливите категории-социјално загрозени семејства, самохрани родители и деца без родители.

 

-Во услови на енормни поскапувања, на зголемени цени на сите основни продукти и добра кои претставуваат елементарни услови за живеење, а за многумина станаа луксуз, Општина Кисела Вода обезбеди донација од приватна компанија за субвенционирање на дел од сметките за потрошена електрична енергија на социјално загрозените семејства. Се работи за сума во износ од 1.200.000,00 денари, односно по 100.000,00 денари во текот на дванаесет месеци, кои ќе бидат наменети на оние на кои најмногу им е потребна помош. Ги повикувам сите наши жители кои ги исполуваат условите да ја поднесат потребната документација до Архивата на Општина Кисела Вода, како би можеле да го остварат правото на овие финасиски средства. Изборот ќе го врши повеќечлена комисија, а подносителите ќе бидат известени во рок од 15 дена од донесувањето на одлуката за распределба на средствата-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Јавниот повик со критериумите за учество и потребната документација е достапен на општинската веб страница на следниот линк:

http://www.kiselavoda.gov.mk/content-data/Broshuri/Binderrrr444.pdf

Дополнителни информации може да се добијат преку лицата за контакт:

Ана Ѓуроска Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  071/391-167

Марјана Блажевска Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.  072 / 248-526

Паралелно со оваа социјална мерка, Општина Кисела Вода интензивно работи на подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани, со посебен акцент врз најсиромашното население. П­роектот “Храна за сите”, преку кој беа обезбедени хуманитарни пакети за економски немоќните семјества, ќе продолжи и понатаму, а од септември, сите семејства кои имаат првоодделенче, од општината ќе добијат училишна чанта со тетратки и прибор. Со проектот “Ранче за секое прваче” се опфатени сите 625 првачиња од овој дел на градот.

Додај коментар


Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa