Новости
Советот на Oпштина Кисела Вода ќе ја одржи триесет и петтата пленарна седница на 09.02.2024 година (петок) со почеток во 11:00 часот со следниот дневен ред:
- Усвојување на Записникот од 34-та пленарна седница
- Предлог - Одлука за прифаќање донацијата – полнач за електрични возила;
- Предлог - Одлука за подигање, чување, одржување, заштита и користење на спомен-обележје на Цветан Димов;
- Предлог - Одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2024 година;
- Советнички прашања
Дополнителни точки за 35 седница
- Предлог - Програма за измена и дополна на програма (надлежност - ф) урбано планирање на Општина Кисела Вода за 2024 година;
- Предлог – Програма за измена и дополна на Програма Г1 – локален економски развој со Потпрограма ГД0 – проекти за енергетска ефикасност за 2024 година;
- Предлог - Програма за измена и дополна на Развојна Програма - Програма ЛАА – спорт и рекреација (капитални расходи) реконструкција на спортско игралиште и урбана опрема во Расадник 2023 – 2025 година;
- Предлог - Развојна Програма - Програма НАА – основно образование (капитални расходи) изградба на општинско основно училиште „Св. Климент Охридски„ с. Драчево, Општина Кисела Вода за 2024 -2025 година;
- Предлог - Развојна Програма ЈДЗ изградба на потпорни ѕидови на територија на Општина Кисела Вода 2024 – 2026 година;
- Предлог измена на Развојна Програма ЈДГ изградба и реконструкција на улици во нас. Расадник, Пинтија, Цветан Димов, Бирарија, Кисела Вода 2024 – 2026 година;
- Предлог измена на Развојна Програма ЈДИ изградба на пешачка патека и уредување на коритото на р.Мала Рада 2024 – 2026 година;
- Предлог измена на Развојна Програма ЈЕВ изградба и реконструкција на паркинг простор на територија на Општина Кисела Вода 2024 – 2026 година;
- Предлог - Развојна Програма ЈИГ фекална канализација нас.Каменик 2024 – 2026 година;
- Предлог - Развојна Програма ЈГГ изградба,реконструкција и одржување на водоснабдувањето на водоснабдителни системи во нас.Драчево, с.Драчево, Пинтија, Бирарија, Црниче, Пржино, Цветан Димов, 11 Октомври бараки и Кисела Вода 2024 – 2026 година;
11. Предлог - Развојна Програма ЈДВ реконструкција на улиците во нас. Каменик 2024 – 2026 година;
12. Предлог измена и дополна на Развојна Програма - Програма од надлежност ЈНБ изградба на детски и спортски игралишта и урбана опрема на територија на Општина Кисела Вода;
13. Предлог - Одлука за ставање вон сила на Развојна Програма ЈГА изградба на системи за водоснабдување во нас. Каменик во Општина Кисела Вода;
Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.
“Заедно за чиста околина” е насловен проектот кој денес граѓаните го одбраа за реализација на четвртата форумска сесија од проектот “Зајакнување на општинските совети”-фаза 2 кој го спроведува УНДП во партнерство со Општина Кисела Вода. Мнозинството од присутните граѓани, гласаше за набавка на опрема за чистење на јавните површини на територија на општината, проект кој произлезе од нив на претходните три сесии и ги остави зад себе другите два проекта, набавка на корпи за отпадоци и поставување на спортска урбана опрема долж трим патеката и проектот за раззеленување на јавните површини.
На денешниот настан најпрво се презентираа трите потенцијални проекти. Од идеја, преку концепт, до реален проект, тие беа оформени од граѓаните кои одговорија на јавниот повик на Општина Кисела Вода за учество во сесиите и избор на финален проект кој ќе се реализира со финансиски средства обезбедени преку Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа. Со масовно учество најпрво како најприоритетна се дефинираше темата животна средина, потоа беа креирани проектни концепти кои прераснаа во проекти, од кои работните групи ги дефинираа трите најзначајни. Едновремено, на градоначалникот Ѓорѓиевски му се доставени и другите идеи и препораки од граѓаните. Денешното гласање и избор на проектот “Заедно за чиста околина”, е уште една потврда за транспарентното работење на Општина Кисела Вода, со директна вклученост на граѓаните. За набавка на опрема за чистење на јавните површини на територија на општината, преку овој проект на УНДП во партнерство со Општина Кисела Вода ќе се обезбедат 4 милиони денари од Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа.
Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи триесет и четвртата пленарна седница на 23.01.2024 година (вторник) со почеток во 11:00 часот со следниот дневен ред:
-Усвојување на Записникот од 32-та пленарна седница
-Усвојување на Записникот од 33-та пленарна седниц
- Предлог – Одлука за измена и дополнување на Статутот на Општина Кисела Вода;
- Предлог - Програма за измена и дополна на Програма (надлежност - Ф) урбано планирање на Општина Кисела Вода за 2024 година;
- Предлог измена и дополна на Развојна програма - Програма од надлежност ЈАА - изградба на јавно осветлување на територија на Општина Кисела Вода за 2024 – 2026 година;
- Предлог измена и дополна на Развојна програма - Програма од надлежност ЈНБ - изградба на детски и спортски игралишта и урбана опрема на територија на Општина Кисела Вода за 2024 – 2026 година;
- Предлог - Програма за измена и дополнување на Програма (Ј) комунални дејности на Општина Кисела Вода за 2024 година;
- Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за култура (К4) културни манифестации и творештво и Програма (КА) културни манифестации и творештво – капитални расходи за 2024 година;
- Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата (Н1) и Програмата (НА) капитални расходи за основно образование за 2024 година;
- Предлог – Одлука за ставање вон сила на Развојна програма, Програма НАА – основно образование (капитални расходи) изградба на објект – ЗАТВОРЕНО СПОРТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ООУ „РАЈКО ЖИНЗИФОВ“, н.ПИНТИЈА - Општина Кисела Вода за 2023-2025 година
- Предлог - Одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2024 година;
10. Предлог – Одлука за методологијата за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата наменета за основните училишта на територија на Општина Кисела Вода за 2024 година;
11. Предлог – Одлука за методологијата за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата наменета за јавните детски градинки на територија на Општина Кисела Вода за 2024 година;
12. Предлог – Правилник за условите, начинот и постапката на давање на користење на термини во јавната установа „Дом на култура Билјана Беличанец” Општина Кисела Вода - Скопје – Скопје;
13. Советнички прашања;
Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.
Со свечено поставување на камен темелник денес започна изградбата на новата градинка ”Верверичка”, во населбата 11 Октомври Згради која за околу 6 месеци ќе може да ги прими првите дечиња.
Повеќе: Поставен камен темелник на ”Верверичка”, новата градинка во општина Кисела Вода