Новости
Денес, со почеток во 12 часот свечено ќе биде отворено новоизграденото училиште “Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонско пријателство” во населба Драчево. Објектот ќе го отворат градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ и амбасадорот на Кина во РМ, Вен Џеншун.
Општина Кисела Вода на сите православни христијани им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица со желби за добро здравје, љубов и меѓусебно разбирање. Одбележувањето на денот посветен на Божјата мајка, значи празнување и почитување на семејството и семејните вредности, на човечноста, скромноста, трпеливоста, љубовта, на начелата кои се наша водилка кон духовниот мир и спокој.
Нека ни е честит!
На 19-тата седница на Советот на општина Кисела Вода која се одржа денеска, беа усвоени следните точки:
Повеќе: Одржана 19 седница на Советот на општина Кисела Вода
По информација добиена од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, ве известуваме дека поради дефект, денеска без вода останаа дел од корисниците во општина Кисела Вода. Од 11:15 часот, прекин во водоснабдувањето има во “Драчево”, на улиците “Сердарот”, “Ратко Митровиќ” и “Речиште”.
Продолжува континуитетот на легализација на дивоградбите во општина Кисела Вода. Со денешното јавно доделување на нови 48 решенија, правен статус добија вкупно 3015 објекти, што е значаен податок, ако се земе предвид дека во општина Кисела Вода се пристигнати 11874 барања за легализација.
Повеќе: Продолжува континуитетот на легализација на дивоградбите во општина Кисела Вода