Новости
Ве известуваме дека во петок (07.02.2014), со почеток во 09:30 часот, градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ заедно со директорот на Агенцијата за Млади и Спорт, Марјан Спасески, ќе остварат официјална посета и увид во градежните активности на повеќенаменското игралиште кое се гради во ОУ "Св.Климент Охридски" во с.Драчево. Ве покануваме да испратите новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) за да го проследите настанот.
Продолжуваат континуираните заложби на општина Кисела Вода за подобрување на условите за живеење на жителите на оваа територија. Акцијата за реконструкција на тротоарите по сервисните улици е во полн ек.
Ве известуваме дека тринаесетата пленарна седница на Советот на општина Кисела Вода ќе се одржи на 04.02.2014 год.(вторник) со почеток во 11:00 часот, со следниот дневен ред:
Повеќе: Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи 13-та пленарна седница
Денес, во големата сала на Општина Кисела Вода, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ, на нови 52 граѓани од општината им додели решенија за легализација на бесправно изградените објекти, со што вкупниот број на легализирани објекти се искачи на 2.393.
Во понеделник (03.02.2014), во 10:00 часот, во големата сала на општина Кисела Вода, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ ќе додели решенија за легализација на бесправно изградени објекти.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.