Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Зачлени се

Полињата со знакот (*) се задолжителни
Име
Корисничко име
Лозинка
Потврди лозинка
Email
Потврди e-mail

Новости

Две училишта од Кисела Вода со награда од проектот “Рециклирање – Kажи Да!”

Рејтинг на корисник:  / 1

Во организација на општина Кисела Вода, друштвото за управување со отпад од пакување ПАКОМАК и Шапаркасе Банка, изминатата учебна година се реализираше голема еколошка акција за почиста околина и за подобрување на хигиенските услови во училиштето, во која беа вклучени сите осум основни училишта на територијата на општината.

Целта на оваа акција беше од најмала возраст да се поттикнуваат децата да го селектираат отпадот и да се придонесе кон создавање на нови еколошки едуцирани генерации, кои активно ќе учат дека со слектирањето на отпадот ја зачувуваме природата и дека тој може повеќе пати да се рециклира и да дава нова вредност.

Повеќе: Две училишта од Кисела Вода со награда од проектот “Рециклирање – Kажи Да!”

Петар Ренџов и Тумбао Салса Бенд со концерт на културното лето

Рејтинг на корисник:  / 0

По одличниот концерт на групата ДНК во населбата Црниче, културниот бран утревечер (05.07.2013) ќе се пресели во паркот “Македонија”, каде со почеток во 21:00 часот, целовечерен концерт ќе одржат Петар Ренџов и Тумбао Салса Бенд. Овие добропознати македонски уметници веќе 10 години ја практикуваат кубанската музика, која го симболизира морето, убавата храна, добриот пијалок, кубанските пури и убавите жени.

Музиката која утревечер ќе ја презентираат е микс помеѓу македонската и кубанската традиционална музика.

Влезот за граѓаните ќе биде бесплатен.

Градоначалникот Трајановски во работна посета на Општина Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 5

Денеска во просториите на Општина Кисела Вода се одржа средба на службите на Градот Скопје и на јавните претпријатија на Град Скопје со урбаните и месните заедници од Општина Кисела Вода, каде присуствуваа градоначалниците на градот Скопје и Општина Кисела Вода, Коце Трајановски и Билјана Беличанец-Алексиќ.

На средбата присуствуваа и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Трајче Донев, директорите на јавните претпријатија на Градот Скопје и надлежните на пунктовите во Општина Кисела Вода, раководителите на секторите на администрацијата на Градот Скопје и Општина Кисела Вода, како и претставници од сите урбани и месни заедници од Општина Кисела Вода.

Повеќе: Градоначалникот Трајановски во работна посета на Општина Кисела Вода

Средба со урбани и месни заедници во Општина Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 0

  Утре  04.07.2013 година, четврток/ во 11 часот во бараките на Општина Кисела Вода, ќе се одржи средба на јавните претпријатија на градот Скопје и градската администрација со претставници на урбаните и месните заедници на Општина Кисела Вода.

На средбите ќе присуствуваат и градоначалниците на Град Скопје и Општина Кисела Вода, Коце Трајановски и Билјана Беличанец-Алексиќ.

 

 

 

Концерт на ДНК и стенд - ап комедија на Гораст Цветковски на културното лето во Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 1

Културните настани во рамките на овогодинешното, 8-мо издание на културното лето во Кисела Вода продолжуваат и оваа работна седмица. Културнио бран од верско – рекреативниот центар “Три круши” ќе се префрли во дворот на подрачното училиште “Кузман Јосифовски – Питу” во нас. Црниче, каде во среда (03.07.2013) со почеток во 21:00 часот, концерт ќе имаат милениците на младата публика, Р&Б дуото ДНК. 
За смеа до солзи пак, ќе се погрижи актерот Гораст Цветковски со презентација на неговата препознатлива стенд – ап комедија. 
Влезот за граѓаните ќе биде бесплатен.

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa