Новости
И во новата 2014 година, општина Кисела Вода продолжува со практиката за делење решенија за легализација на бесправно изградени објекти на неделна основа. Градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ денеска на 47 граѓани им врачи решенија за легализација на дивоградбите, со што вкупниот број на легализирани објекти се искачи на нешто повеќе од 2.340.
Беличанец - Алексиќ посочи на воведувањето на повеќе технички мерки во општината кои треба да го забрзаат темпото на решавање на предметите, а кои веќе даваат видливи резултати. Кадровски и технички е доекипирано Одделението за легализација на дивоградби, зголемен е бројот на комисии кои излегуваат на терен, а и воведена е и практика за делење на решенија на неделно ниво.
Повеќе: Нови дивоградби во Кисела Вода ќе добијат имотни листови
Во вторник (14.01.2014), во 10:00 часот, во големата сала на Општина Кисела Вода, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ ќе додели решенија за легализација на бесправно изградени објекти.
Ги покануваме редакциите на пишаните и електронските медиуми да испратат новинарска екипа (новинар и снимател или фоторепортер) да го проследат настанот.
Утрово, 10-те дечиња со посебни потреби од ПОУ “Кузман Јосифовски – Питу” заминаа на бесплатно зимување во Берово, финансирано од Општина Кисела Вода. Градоначалникот Беличанец – Алексиќ и претседателот на Советот, Трајче Донев ги испратија дечињата и им посакаа убав помин, добра дружба и исполнето време во игра и забава. Истовремено, таа им подари и топки, пакетчиња со друштвени игри и кутија со основни лекови.
Повеќе: Децата со посебни потреби од ПОУ “Кузман Јосифовски – Питу” заминаа на бесплатно зимување
Бадниковите огнови вчеравечер ги осветлија речиси сите маала во општината Кисела Вода. Во насока на зачувување и негување на традицијата, општината и годинава традиционално подели дрва на вкупно 115 заинтересирани групи на граѓани од сите месни и урбани заедници во општината, кои се пријавија на повикот. Општина Кисела Вода за оваа цел ја искористи сечата на стари дрва која ја реализираше уште во летниот период, по што следеше организирана достава на дрвата до сите месни и урбани заедници.
За вчерашната најава за Бадник и големиот христијански празник Рождество Христово - Божик, општината во духот на традицијата обезбеди и испорача по една погача и шише вино до сите 15 месни и урбани заедници во општината.
Повеќе: Општина Кисела Вода ја продолжи бадникарската традиција