Новости
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид во почетните градежни активности за изградба на нов паркинг во Расадник. За десетина дена, на оваа локација со површина од околу 1000 квадратни метри, ќе биде завршен паркинг просторот кој ќе овозможи паркирање на околу 130 возила.
-Се наоѓаме во централното јадро на Кисела Вода, во населбата Расадник, каде денес почнавме со изградба на нов паркинг простор, четврт во овој дел на општината за овие две години. Се работи за позиција која ќе обезбеди нови 130 места за паркирање на возила, бидејќи се простира на околу 1000 квадратни метри. Свесни сме дека секогаш постои недостиг од простор за паркирање, па интензивно работиме на изнаоѓање на нови локации кои треба да го подобрат сообраќајот во мирување. Илустративно, за населбата Расадник, ова значи околу 400 нови паркинг места за овие две години или, на ниво на целата општина, обезедивме нови 1200 места на кои граѓаните можат да паркираат. Како раководство на Кисела Вода, сакам да информирам дека ова е стратешка насока која и понатаму ќе ја следиме бидејќи и сообраќајот во мирување е важен фактор за намалување на метежот по улиците и унапредување на квалитетот на живот на нашите сограѓани. Она за што би сакал да апелирам е граѓаните кои поседуваат гаражен простор во самите згради, истиот да го користат и со тоа да овозможат новиот простор за паркирање да биде достапен на оние кои немаат сопствени гаражи-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи триесеттата пленарна седница 15.11.2023 година (среда) со почеток во 10:00 часот со следниот дневен ред:
-Усвојување на Записникот од 28-та пленарна седница
- Стратегија за млади на Општина Кисела Вода 2024 - 2028 година со Акциски план 2024 – 2025 година;
- Социјален план на Општина Кисела Вода 2023 - 2027 година;
- Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за формирање на партиципативно тело од областа на урбанизмот на Општина Кисела Вода;
- Предлог - Развојна програма ЈГГ - Изградба, реконструкција и одржување на водоснабнителни системи во нас.Драчево, с.Драчево, Бирарија, Црниче, Пржино, Цветан Димов, 11 Октомври бараки и Кисела Вода - 2024 година- 2026 година;
- Предлог - Развојна програма ЈДВ - Реконструкција на улиците во нас.Каменик 2024 година- 2026 година;
- Предлог - Развојна програма ЈДГ - Изградба и реконструкција на улици во нас.Расадник, Цветан Димов, Бирарија, Кисела Вода 2024 година- 2026 година;
- Предлог - Развојна програма ЈДЃ - Изградба на потпорни ѕидови на територија на Општина Кисела Вода 2024 година- 2026 година;
- Предлог - Развојна програма ЈДД - Реконструкција на коловоз и изградба на тротоари на ул.Ѓорѓи Димитров 2024 година- 2026 година;
- Предлог - Развојна програма ЈДЕ - Изградба на пешачка патека во с.Драчево м.в. Покрсти (втора фаза) 2024 година- 2026 година;
10. Предлог - Развојна програма РАБ - Изградба, реконструкција и одржување на зелени површини 2024 година- 2026 година;
11. Предлог - Развојна програма РАА - Изградба, реконструкција и одржување на хидранстка мрежа, фонтани, чешми за питка вода и пумпни станици 2024 година- 2026 година;
12. Предлог - Развојна програма Р1В - Купување и поставување на мерна страница за амбиентален воздух на територија на Општина Кисела Вода 2024 година- 2026 година;
13. Предлог - Развојна програма Р1Б - Изградба на пешачка патека и уредување на коритото на р.Мала Рада 2024 година- 2026 година;
14. Предлог - Развојна програма Р1А - Изградба на пешачка патека и уредување на коритото на Црниот канал во должина од 3,5км 2024 година- 2026 година;
15. Предлог - Развојна програма ЈНБ -Изградба на детски и спортски игралишта во нас.Драчево, с.Драчево, нас.Градинар, нас.Пинтија, нас.Расадник, нас.Кисела Вода, нас.Каменик и поставување на урбана опрема во дворовите на детските градинки и основните училишта во Општина Кисела Вода 2024 година- 2026 година;
16. Предлог - Развојна програма ЈИГ- Фекалан канализација нас.Каменик 2024 година- 2026 година;
17. Предлог - Развојна програма ЈЕВ -Изградба и реконструкција на паркинг простор на територија на Општина Кисела Вода 2024 година- 2026 година;
18. Советнички прашања;
Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.
Продолжува континуитетот на поддршка и добра соработка помеѓу НР Кина и Општина Кисела Вода. Во текот на вчерашниот ден, делегација на амбасадата на НР Кина, предводена од амбасадорот Zhang Zuo, го посетија училиштето “Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонското пријателство” во Драчево и обезбедија донација од 27 таблети.
Повеќе: Кинеската амбасада донираше таблети за ООУ“Рајко Жинзифов” во Драчево
Општина Кисела Вода го објави повикот до граѓаните за субвенционирање на дел од трошоците за купување на дрва за огрев. Од денес, па во наредните 5 дена жителите на општината кои набавиле огревно дрво во периодот од 01 април 2023 година, можат да аплицираат за финансиски надомест во износ од 500 денари (со вклучен персонален данок) за секој купен метар кубен (1 m³) дрва за огрев, но до максимална вкупна количина до 10 кубни метри (10 m³) дрва или по 350 денари (со вклучен персонален данок) за секој купен метар просторен (1 метар просторен) дрва за огрев но до максимална вкупна количина до 14 метри просторни (14 метри просторни).
Повеќе: Кисела Вода: Граѓаните да аплицираат за субвенции за огревно дрво