Новости
И годинава традицијата ќе продолжи. Урбаната заедница Црниче и со неколку активности ќе го одбележи празникот Источен Петок – Балаклија, меѓу народот познат и како Светол или Благ Петок. Чествувањето ќе се реализира во просториите на урбаната заедница Црниче на 10.05.2013 год. (петок), во периодот од 10:00 – 20:00 часот.
Повеќе: Урбаната заедница Црниче ќе го чествува Источен Петок – Балаклија
Под мотото “Капка крв спасува живот”, денес во големата сала на Општина Кисела Вода се одржа крводарителска акција, во организација на Општина Кисела Вода и Општинската организација на Црвен Крст – Кисела Вода, а во соработка со Републичкиот Завод за Трансфузиологија.
Фудбалерите на ОУ "Круме Кепески" се нови фудбалски шампиони во Општина Кисела Вода, додека капитенот на оваа екипа, Мартин Миленковски е прогласен за играч на сезоната.
Општината Кисела Вода го одржува приматот на најдинамична општина во поглед на организација на културни манифестации. Организирањето на спектакуларниот пречек на новогодишната вечер, во паркот “Македонија” резултираше со одлична забава, многу музика, весели и насмеани лица и безброј шеги и досетки.
Денеска во основното училиште “Круме Кепески” во Општина Кисела Вода се означи почетокот на големата еколошка акција за почиста околина и за подобрување на хигиенските услови во училиштата, која ја организираат компанијата Пакомак, општината Кисела Вода и радиото Бубамара.
Повеќе: Голема еколошка акција на Пакомак, Општина Кисела Вода и радио Буба Мара