Користиме cookies со цел да ви овозможиме најдобро искуство и беспрекорно пребарување на нашата интернет страница. Истата користи cookies пораки од трети страни, со цел да Ви доставуваат информации кои ќе Ви бидат од корист. Продолжувајќи ја Вашата посета на оваа интернет страна, се согласувате на користењето на cookies.

Новости

Конституиран новиот Совет на Општина Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 0

На свечена седница, денес се конституираше новиот Совет на Општина Кисела Вода. Верификувани беа мандатите на 23-цата нови советници кои во следните четири години, заедно со градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ќе носат решенија во интерес на жителите од овој дел на градот. На функцијата претседател на Советот на Општина Кисела Вода, беше избран Иван Живковски.

Повеќе: Конституиран новиот Совет на Општина Кисела Вода

Ѓорѓиевски: Нудиме целосно инфраструктурно решение за улицата "Наум Охридски"

Рејтинг на корисник:  / 0

Општина Кисела Вода започна со реконструкција на улицата “Наум Охридски” во населбата Црниче. Ќе биде целосно асфалтирана, а ќе добие и нов тротоар и осветлување.

Повеќе: Ѓорѓиевски: Нудиме целосно инфраструктурно решение за улицата "Наум Охридски"

Денеска дел од улиците „Домазетовска“ и „Китка“ без струја

Рејтинг на корисник:  / 0

По соопштение од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, Ве информираме дека денеска заради изведба на технички зафати во дистрибутивната електро мрежа од 09:00 до 12:00 часот, без струја ќе бидат граѓаните од делови  од улиците „Домазетовска“ и „Китка“, во с. Драчево. 

Ѓорѓиевски: На местото од депонијата во Дупки, правиме парк од 4.000 м2

Рејтинг на корисник:  / 0

Општина Кисела Вода денес започна со чистење на дивата депонија во месноста викана Дупки во населбата Драчево. Ова е првиот чекор кон финалното отстранување на сите депонии во општина Кисела Вода, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој беше на терен заедно со службите.

Повеќе: Ѓорѓиевски: На местото од депонијата во Дупки, правиме парк од 4.000 м2

Обезбедени негуватели за старите лица од општина Кисела Вода

Рејтинг на корисник:  / 8

Тече обуката за негуватели за стари лица кои ги ангажира Општина Кисела Вода во соработка со УНДП. Преку програмата „Општинско-корисна работа“, проект “Се грижиме за возрасните”, беа избрани невработени лица кои ќе им помагаат на стари лица кои живеат сами и имаат потреба од помош во извршување на секојдневните обврски и активности.

Повеќе: Обезбедени негуватели за старите лица од општина Кисела Вода

Линкови 2

NewsLetter

Внесете ја вашата email адреса за да добивате новости.


FacebookTwitterLinkedin

Twitter Новости

O_KiselaVoda Општина Кисела Вода организира информативен настан за отпадот во кругот на АД Охис https://t.co/ovuafSUQB0
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/oj5nCdmiN2
O_KiselaVoda Општина Кисела Вода ќе биде домаќин на Меѓународен младински ракометен турнир КЛ7 2020 https://t.co/3klWf5HsNa